Достапни линкови

Несогласувања или добро смислена тактика


Несогласување или добро смислена тактика применуваат коалициските партнери во владата во преговорите за пакетот закони за децентрализација, ова е дилемата које преовладува кај македонската јавност а пред се кај експертите.

Пробиени се сите рокови, а со нивната тактика или несмасност валадините партнери ризикуваат на престојните избори да се оди со постоечкото законодавство, што би значело голем минус за Македонија пред меѓународната заедница.

За професорот Владо Поповски од правниот факултет коалиционите партнери намерно тактизираат:

„Владата со вакво одолговлекување има намера комплетно да го исцрпи времето и да ја донесе јавноста пред свршен чин и да го донесе и законот. Веројатно тргнале од некои сознанија дека секое чудо два дена, најголемото три дена, ќе си помине сето тоа, ќе стивне, особено ако го темпира сега пред годишните одмори. Чекај малку да се проретчат граѓаните, да одат лево - десно, сметам дека бескрајно непринципиелно и некоректно настапува владата,“

Ваквото одлговлекување на преговорите неделава кулминира со блокади на патиштата и протести пред македонското собрание организирани од опозициските партии.

Ваквите случувања според Аслан Селмани експерт по демографија може да имаат штетно влијание врз новата територјална поделба:

„Владата и сите други политички субјекти во државата, требаше уште пред една или две години да направат проект за територијалната поделба на државата. Инаку, сега со проблемите кои се јавуваат во Струга, Кичево, навистина се непријатни процеси, кои штетно ќе делуваат врз принципиелната поделба на територијата на Република Македонија во однос на локалната самоуправа.“

Освен тоа експертите предупредуваат дек локадите и израезеното незадоволство од владиниот предлог од страна на една заедница може да ги влоши и меѓуетничките односи во Македонија

„Без друго ќе влијае и веќе влијае. Се ова е резултат или барем делумно е резултат на тоа што овој процес на преговори се води зад затворени врати.“

вели професорот Мирјана Малевска која предупредува:
„Мора да најдат некое решение кое ќе ги задоволи и едните и другите. Ако не се најде такво решение утре другата етничка заедница ќе го повтори истото со блокадите. Значи мора, многу брзо, многу вешто во скоро време да најдат едно компромисно решение кое ќе ги задоволи и едните и другите.“
Најлоша варијанта за Македонија е на престојните локални избори да се оди со постоечкото законавство:

„Најлошата варијатна е да се оди со старите закони на нови избори.“
„Мислам дека ќе се оди со новата територијална поделба на Република Македонија и сите проблеми ќе се средат и покрај тоа што евентуално во две – три општини во државата ќе има проблеми.“


изјавија професорите Поповски и Селмани.
XS
SM
MD
LG