Достапни линкови

Протестите нема да имаат влијание на децентрализацијата


Владата намерно го одлговлекува процесот на децентрализација, односно донесувањето на пакетот закони, семтаат експертите. Според нив ниту последните протести и блокади на патиштат ниту најавените протести од опозициките партии нема да имаат никакво влијание врз финален договор меѓу владините коалициски партнери:

„Владата со вакво одолговлекување има намера комплетно да го исцрпи времето и да ја донесе јавноста пред свршен чин и да го донесе и законот. Веројатно тргнале од некои сознанија дека секое чудо два дена, најголемото три дена, ќе си помине сето тоа, ќе стивне, особено ако го темпира сега пред годишните одмори. Чекај малку да се проретчат граѓаните, да одат лево - десно, сметам дека бескрајно непринципиелно и некоректно настапува владата,“

вели професорот Владо Поповски. За Аслан Селмани експерт по демографија последните случувања може да имаат штетно влијане врз новата терторијална поделба:

„Владата и сите други политички субјекти во државата, требаше уште пред една или две години да направат проект за територијалната поделба на државата. Инаку, сега со проблемите кои се јавуваат во Струга, Кичево, навистина се непријатни процеси, кои штетно ќе делуваат врз принципиелната поделба на територијата на Република Македонија во однос на локалната самоуправа.“

Но сепак и Селмани е убеден дека владата нема да ги земе во предвид реакциите на јавноста и на изборите според него ќе се оди со нова законска регулатива:

„Мислам дека владата тешко ќе ги земе предвид овие процеси на теренот и ќе оди по нејзиниот проект.“

За разлика од него професорот Владо Поповски смета дека најдобро е изборите да се одложат за неколку месеци:

„Мислам дека треба напросто да се донесат овие закони. Но, тие закони може да се донесат и во септември, значи најдобро е да се одложи процесот на локалните избори, а да се отвори процесот заедно со локалните власти и граѓаните, и тоа да биде разумен и аргументиран процес.“
XS
SM
MD
LG