Достапни линкови

Експертите сметаат, пазарна економија не се реализира со заложба на политичари


Претседателот Трајковски, неделава во Португалија ги повика стопанствениците на таа земја да дојдат да инвестираат во Македонија. Министерката Митрева истото го стори во Израел, претстојната посета на Франција на премиерот Црвековски има изразена економска агенда:

„Извесен начин на промовирање на нашите можности за инвестиции, ни остануваат директните средби и секоја средба се искористува да се промовираат инвестиционите и економските потенцијали на земјата,“

вели портаролот на министерството за економија Гоце Пачемски. Тој посочува на неопходноста од забрзано формирање на агенцијата за инвестиции која како законски порект е пред собраниска процедура:

„Мора да постојат агенции чија работна задача ќе им биде 24 часа, седум дена во неделата, само тоа, на професионална основа, добро обучени, добро образовани луѓе.“

Но, иако потребата од ивестиции е меѓу приоритетите на актуелната влада она што не смее да се заборави велат експертите е дека заживувањето на економијата не е политички памфлет, туку претпоставува исполнување на одредени предуслови:

„Не може безулсловно да се говори за пораст на инвестициии кој ќе дојде сам од себе. Колку што е битно да се поттикнат странските, толку е важно да се поттикнат и домашните инвестиции. Практично и домашните и странските инвестоитори реагираат на истите поттици или негативни фактори. Ако имаме зголемување на домашните ќе имаме и зголемување на странските инвестиции и обратно.“

смета професорот на економскиот факултет Михајло Петковски. Со ова се согласува и професор Наталија Николовска таа вели:

„Надвор од промена на економските претпоставки радикално не може да се случи голема промена на еконосмкиот циклус. Пазарна еконономија не се реализира преку заложби на политичарите, туку од долу, преку врзувањето на еконосмките субјекти.“
XS
SM
MD
LG