Достапни линкови

Еврото не донесе еднакви цени во Европа


Еврото, и покрај тоа што изминаа две години од неговото воведување, по се изгледа не донесе униформирање на цените во Европската Унија. Ове е заклучокот на најновото истражување во кое се споредуваат цените на мебелот во осум земји кои се во еврозоната. Анти евро групите велат дека студијата ги поддржува нивните уверувања дека нема да има ништо од претходните проценки дека еврото ќе донесе пониски и изедначени цени во Европа.

Истражувањето го спроведе шведската консултантска фирма Халварсон и Халварсон и во него се споредуваат цените на дваесет и седум мебел производи што се пласираат преку шведската фирма ИКЕА. Испитувањето е извршено во осум евро земји, и во три кои не се во таа зона, Британија, Шведска и Данска, како и во Соединетите Држави и Канада. Не е изненадување што се забележани огромни разлики на цените меѓу Европа и Америка, но шокантно е тоа што диспаритетот е голем дури и меѓу соседните земји членки на еврозоната. Колку за пример, во Белгија еден рафт за книги е за триесет проценти поскап отколку во Германија. Холандија е најевтината држава. Финска е најскапата, бидејќи таму потрошувачката кошничка е за дваесет насто поскапа од другите земји во кои се употребува еврото. Иако методологијата на ова истражување е далеку од тоа да биде научна, резултатите сепак укажуваат дека не се остваруваат претходните предвидувања на евро поддржувачите дека заедничката валута многу бргу ќе ги изедначи цените во Европската Унија.

„Очекував цените да бидат покоординирани. Сега можам да кажам дека тоа е случај само со поголемите добра, а не и со помалите производи.“

Изјави за Радио Слободна Европа Габриел Тулин, еден од оние што го спроводеа истражувањето. Според него, тоа можеби е резултат и на културните фактори, односно на фактот што европејците се уште се противат да купуваат надвор од границите на сопствените држави.

„Со заедничката валута, отвореноста во еврозоната е многу поголема, но се уште постојат ментални блокади кај луѓето. Мислам дека тое е процес.“

Вели Тулин. И, според британската кампања Не за еврото, советничка организација која го поддржува членувањето на земјата во Унијата, но не и прифаќањето на еврото, локалните услови секогаш ќе придонесуваат да не дојде до изедначување на цените во еврозоната.

„Аргументот дека цените и за британските потрошувачи, поради еврото, ќе паѓаат е смешен. Токму тоа го покажува и ова истражување.“

Оценува Метју Мекгрегор од британската неевро кампања.
XS
SM
MD
LG