Достапни линкови

Радован Вукадиновиќ, претседател на хрватскиот атлантски совет. Конференцијата во Охрид значаен чекор на патот кон НАТО


Како ги оценувате македонско-хрватските односи?

Македонско-хрватските односи се едни од односите кои во овој регион не беа оптеретени со никакви проблеми. Тоа е прва констатација, а мислам дека е и посебно значајна бидејки на неа може да се градат и политички и економски и воени односи што впрочем и се случува. Можеме исто така да кажеме, но за жал дека има добри политички односи, но заостанува економската димензија и тука треба да се направи многу. Мислам дека политичката клима која постои е добра и би требало да се надополнува и треба да тежнееме кон тоа односите да се развиваат на основа на заеднички интереси кои се присутни без разлика дали станува збор за трговија, инвестиции заеднички настапи на трети пазари и друго

Македонија, Албанија и Хрватска ја потпишаа Јадранската повелба. Што мислите колку на овие земји и воопшто на земјите во регионот овие иницијативи можат да им помогнат на патот кон евроатлантските интеграции?

Јадранската или Вашингтонска повелба е значаен обид на овие три земји, но и на Соединетите држави да покажат дека Албанија Македонија и Хрватска не заостануваат во претстојното прошируавње на НАТО и Европската унија и не се во изолација. Од друга страна треба да им се укаже и на земјите кои не се во тие процеси, пред се мислам на Србија и Црна Гора и Босна и Херцеговина дека тоа е патот по кој треба да одат. Според тоа подобрувањето на билатералните односи, созадвање на вакви групации во кои со заеднички сили се тежи кон НАТО е еден обид да се покаже дека развивањето на региоанлните врски е важна можност за приближување кон алиајнсата. Исто така Вашингтонската декларација отвори простор за една соработка. Таа овозможи директно да се оди во воени контакти и тие да се воспоставуваат побрзо и полесно.

Според вас дали можеби треба да има повеќе вакви или слични регионални иницијативи?

Апсоултно. Очигледно е едно дека Европската унија бара и инсистира на регионална соработка и ако историски го гледаме развојот на Унијата нејзиното проширување се одвиваше на тој начин. Унијата ја подржува регионалната соработка на сите простори и верува дека таа е почеток на некое пошироко интегриарње. Значи ако немате средени односи во регионот, тогаш не може да стане збор дека еден ден добро ке соработувате во Европа. Треба да се каже дека еден период немаше добра клима за регионална соработка. Но, во овој момент полека тие прегради се рушат, полека се воспоставуваат контакти и мислам дека тоа е единствениот пат ако сакаме во Европа.
XS
SM
MD
LG