Достапни линкови

Многу кривични пријави, чудно како нема докази


Милионски суми нелегално стекнат имот, провизии, проневери, корупција, медиумски интересни теми, но зачудува недостатокот од докази:

„Мене ме чуди просто како полицијата за сето тоа нема докази, кога за тоа има пишани траги, има документација, банковни сметки. Низ таа финансиска и друга документација лесно може да се дојде до докази и индиции за извршено такво дело. И просто неверојатно за некои работи што се ноторни, да речеме, полицијата сеуште да нема никакво сознание и уште помалку да има некаков доказ. Просто е неверојатно,“

коментира професорот по кривично право Владо Камбовски.

Тој додава:

„Ние не изградивме, едноставно научна полиција, криминалистичка полиција опремена, обучена, оспособена, брзо да доаѓа до доказите и индициите за извршените кривични дела.“

Сепак, постапката во делот на откривањето може да се засили, смета Камбовски:

„Особено оние стручни служби кои може да ангажираат и експерти од страна, економисти и други, кои би можеле да бидат вклучени во тие тимови. Фала богу, имаме доста економисти, секој просечен економист може да открие некои поедноставни операции на трансакции и слично, што упатуваат на извршено казено дело.“

Во меѓувреме, останува фактот, бробата против криминалот и корупцијата е меѓу клучните задачи што Македонија мора да ги исполни ако сака да фати приклучок со Европа, и тука веќе нема простор за маневар, какво било двоумење или политичко пазарење:

„Нашиот менталитет, дека се може да помине, како што поминувало во последните повеќе од десет години, мислам дека тешко ќе може и понатаму да опстои наспроти јасните укажувања од страна на ЕУ, и сега тоа треба да внесе додатна храброст кај органите на прогонот, особено кај јавното обвинителство и судот, кои едноставно без пардон, кои без разлика на момненталните политички односи, да си ја тераат својата работа според закон.“
XS
SM
MD
LG