Достапни линкови

Успешна акција на МВР и АРМ за неутрализирање на вооружени групи


Полицијата со поддршка и во координација со Армијата на Република Македонија спроведе успешна акција за неутрализирање на вооружени групи во реонот на скопското село Брест – изјави Мирјана Контевска, портпарол на Министерството за внатрешни работи, која информира:

„Во операцијата, при разбивање, неутрализирање и поради употреба на оружје и давање отпор при лишувањето од слобода, загинаа неколку припадници на вооружените групи. Во неутрализацијата на вооружените групи во реонот на селото Брест, припадниците на МВР во координација со АРМ пронајдоа пешадиско оружје и муниција“

Контевска објаснува дека операцијата се изведувала во неколку етапи:

„Во првата се ангажираа силите во реонот на село Брест, а во втората етапа од операцијата се вршеше претрес на теренот. ИНаку, активностите што се спроведоа беа преземени со голема внимателност и не беа насочени против цивилното население, а нив ги спроведоа полициски тимови од мешовит етнички состав. Од страна на припадниците на АРМ и на МВР нема загинати и повредени. Во поранешните кризни региони продолжуваат нашите активности во смисла на спроведување на операцијата по пат на изолирање, лишување од слобода и неутрализирање и на останатите вооружени групи“

Меѓународните претставници во земјата ги поддржуваат активностите на МВР и на Армијата.

„Ние бевме информирани од властите дека ова е дел од поголема полициска операција против вооружените криминални групи. Очигледно, операцијата беше само против вооружените групи во областа. Нашите монитори ја набљудуваа околината околу Брест“ – изјави Изабел Дерут, портпарол на ОБСЕ, која додава дека состојбата во колните население места е мирна.
XS
SM
MD
LG