Синоќа одржаниот фудбалски натпревар меѓу скопски вардар и ЦСКА од Москва резултираше и со зголемување на тензијата во комуникацијата меѓу претставниците на руската амбасада во Македонија и македонските власти. Причината е информацијата за четворица претепани руски државјани кои допатувале во Скопје за да го следат вчера одржаниот натпревар. Македонската полиција делумно го потврди инцидентот:
„Регистрирана е една пријава за физички напад, каде што двајца руски државјани пријавуваат дека на 6-ти август на плоштадот Македонија биле физички нападнати од група навивачи на ф.к. Вардар, со употреба на тупаници, од што здобиле лесни телесни повреди. На истите им е укажана помош во Градска општа болница и се пуштени“ – изјави претставникот за односи со јавноста на МВР Борче Пешевски.
Полицијата сега, рече Пешевски, испитува дали имало и други случаи на претепани руски навивачи. Имено, МВР претходно соопшти дека во Градската болница синоќа помош побарал уште еден руски државјанин, поради самоповреди здобиени под дејство на алкохол.
„Имаше и такво нешто, меѓутоа, тоа засега не ни е потврдено. Во случајов пријави има само за овие двајца кои биле физички нападнати“ – рече Пешевски.
Официјална потврда на информацијата на руската агенција РИА Новости дека руските навивачи биле претепани од група Албанци во Скопје – нема. Истрагата за утврдување на идентитетот на напаѓачите е во тек. Во меѓувреме, рускиот конзул во Република Македонија Олег Шмилин денеска претстојуваше во македонското министерство за надворешни работи каде и официјално е побара итна и детална истрага во врска со настанот. Претходно, руското министерство за надворешни работи изрази загриженост поради инцидентот и побара македонските власти да ги казнат виновниците.