Достапни линкови

Промиција на последната група мултиетнички полицајци


Полицајците кои ја завршија обуката и веќе работат на терен, многу придонесуваат за јакнење на довербата меѓу граѓаните и припадниците на полицијата – оценуваат во Министерството за внатрешни работи и ОБСЕ кои го спроведуваа курсот за мултиетничка полиција со кој се заокружуваат потребните бројки за имплементација на етничките заедници и нивно вработување во полицијата.

„Одновната и главна цел е градењето на мерките на доверба кои, за жал, беа уште колку нарушени во конфликтот во 2001-та година. Лично носам оценка дека ваквите курсеви носат позитивни резултати, нашите слушатели го совладуваат потребното знаење за спроведување на законските овластувања и сметам дека досегашните курсисти добро се вклопуваат и ја завршуваат и дополнителната обука и ги извршуваат своите редовни задачо“ – вечи полицискиот генерал Ристо Галевски, директор на Центарот за образование на кадри од областа на безбедноста на МВР.

Дека добро ја извршуваат својата работа оние кои го посетуваа курсот, се согласуваат и во ОБСЕ:

„Јас сум многу задоволен од оние кои дипломираа и се распоредени на теренот. Тие се крајно мотивирани и имаат волја да покажат што можат да направат. Тие се распоредени во поранешните кризни региони каде што добро ја вршат работата. Тие многу придонесуваат за она што го работат – градењето доверба меѓу граѓаните и полицијата“ – изјави Бар Дукс од одделот за развој на полиција при ОБСЕ.

Ваквиот начин на обука започна есента 2001-та година. Бројката на учесници на курсот изнесува 1267 лица, од кои најголемиот дел се Албанци, но има и од припадниците на сите останати заедници.
XS
SM
MD
LG