Достапни линкови

Прелиминарно задоволство од стореното во врска со стенд-бај аранжманот


Додека техничката мисија на ММФ веќе неколку дена е лоцирана во Министерството за финансии и ги констатгира постигнатите резултати за изминатиот шестмесечен период, директорот на мисијата за Македонија Станек Розвадовски за првпат се сретна со министерот за финансии Петар Гошев. Сенадеваме дека контролата ќе покаже дека оваа влада во потполност се придржува кон исполнувањето на преземените обврски со стенд-бај аранжманот – е ставот на Розвадовски:

„Ова е мисија за проценка на стенд-бај аранжманот. Има две вакви мисии. Едната е сега, а втората е на почетокот на следната година. Ќе разговараме со владата и со Народната банка за имплементацијата на аранжманот. Се надеваме дека се е ок. Први на ревизиија од страна на експертите на ММФ ќе бидат постигнатите макро-економски показатели во изминатите шест месеци или како прва во фокусот на интересирањето ќе биде остварената стапка на раст на бруто домашниот производ кој во првиот квартал достигнал 2,2 проценти, што е под планираниот раст. Во оваа фаза прерано е да се коментира. Според прелиминарните информации, проценките изгледаат дека се е во ред, но ќе видиме“

Во вкупната оценка за спроведувањето на реформите, експертите на ММФ ќе го земат предвид и фактот – какви се ефектите од санирањето на шесте проблематични банки, како и успехот во имплементирањето на Бранковиот закон. Ревизијата на постигнатото е планирано да трае до 10-ти август, по што, со прибраните податоци, мисијата ќе се врати во Вашингтон од каде што по извесно време ќе стигне и конечната оценка за тоа дали оваа влада го положила првиот тест во спроведувањето на преземените обврски кон ММФ. Доколку одговорот биде позитивен, тоа ќе значи право на влечење на втората транша, со оглед на фактот што првата пристигна при самото парафирање на овој аранжман. Стенд-бај аранжманот е со важност од 14 месеци, а вкупната вредност ја достигнува сумата од 27,8 милиони долари.
XS
SM
MD
LG