Американскиот армиски генерал Рикардо Санчез соопшти дека информацијата за тоа каде се кријат браќата Хусеин била добиена од еден ирачанец.
„Четири лица загинаа за време на операцијата и ние ги извлековме од куќата. Исто така, утврдивме дека меѓу убиените се и Удај и Кусај Хусеин.“
Рече Санчез кој сепак додаде дека се уште не се комплетирани де-ен-ка тестовите. Убиството на двајцата браќа беше поздравено од американскиот администратор во Ирак Пол Бремер кој во тоа време беше на разговори во Вашингтон. Според него, тоа сигурно ќе придонесе за намалување на бројот на нападите врз американските војници, иако, како што рече, во наредниве денови би можело да се очекуваат и одмазнички акции. ,,Мораме да имаме на ум дека голем број напади се засноваа врз идејата дека на овој или оној начин семејството Хусеин ќе се врати на власт,, - изјави Бремер, додавајќи дека во последно време била зголемена соработката на ирачаните со американско-британската коалиција. Некои експерти го делат мислењето на Бремер во врска со загинувањето на Удај и Кусај.
„Тоа им помага на Соединетите Држави едноставно, бидејќи убиството на браќата Хусеин е највидливиот симбол што го имаме досега - дека ја продолжуваме потрагата по припадници на стариот режим без оглед каде тие се обидуваат да се скријат.“
Вели Кенет Алард – пензиониран полковник кој служел како разузнавачки офицер, според кој, тоа ќе има големо влијание и за враќање на борбениот морал на американската војска во Ирак. Сепак некои други воени аналитичари се помалку убедени дека убиството на синовите на Садам Хусеин ќе ја зголеми безбедноста на коалиционите сили во Ирак. Според Тед Гален Карпентер од Като институтот во Вашингтон зад добрата вест, убиството на Удај и Кусај исто така претставува предизвик за администрацијата на претседателот Џорџ Буш
„Ова е тест за објаснувањата на администрацијата за вооружените напади во Ирак, односно дека за нив се одговорни елементи од стариот режим. Ако е тоа така, тогаш со најновиот развој, тие елементи би требало да бидат деморализирани и да се намали бројот на нападите. Доколку тоа не се случи тогаш е јасно дека отпорот во Ирак е многу пораширен.“
Наградата што ја понудија американците за информации кои би довеле до апсење или убивање на синовите на Садам Хусеин изнесува петнаесет милиони долари.