Достапни линкови

Буш и Блер во одбрана на одлуката за соборување на Хусеин


Американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер во одбрана на нивната одлука да го соборат ирачкиот претседател Садам Хусеин. На заедничката прес конфeрeнција тие ги отфрлија критиките затоа што во Ирак се уште не е пронајдено оружје за масовно уништување.

Американскиот претседател Џорџ Буш, како што изјави, ја презема одговорноста за одлуката да ја собере коалцијата за симнување на Садам Хусеин, бидејќи разузнавачките служби уверливо утврдиле дека тој претставува закана за мирот и безбедноста. ,,Го велам тоа бидејќи тој поседувал хемиско и биолошко оружје, наведе Буш додавајќи:

„Силно верувам дека се обидувал да ја обнови програмата за нуклеарно оружје. И ќе ги потсетам скептиците дека во 1991-ва беше јасно дека Садам Хусеин е поблиску до развивањето на тоа оружје отколку што некој можеше да претпостави. Тој беше закана. Ја преземам одговорноста за справувањето со таа закана.“

изјави претседателот Буш. Британскиот премиер Тони Блер застанувајќи во одбрана на разузнавачките информации за постоењето на оржјето за масовно уништување во Ирак ги повтори обвинувањата дека поранешните ирачки власти се обиделе да купат ураниум во Африка. ,,Мислам дека британските сознанија се автентични. Ние со сигурност знаеме дека Ирак во осудесетите години купи двесте и седумдесет тони ураниум од Нигер,, рече Блер кој претходно во обраќањето во американскиот Конгрес изрази длабоко уверување дека Соединетите Држави и Британија имале причини за елиминирање на режимот на Садам Хусеин.

„Можеме ли да бидеме сигурни дека тероризмот и оружјето за масовно уништување не одат заедно. Верувам дека бевме во право. Барем уништивме една закана одговорна за човечките страдања. Сигурен сум дека историјата тоа ќе ни го прости.“

изјави Блер кој ги повика Соединетите Држави да не се одалечуваат од Европа поради несогласувањата со Германија, Франција и Белгија околу ирачката војна. Притоа тој се заложи за соработка и за партнерство засновано на убедување, а не на наредби. Тој побара и реформи на Советот за безбедност на Обединетите Нации, оценувајќи дека членките кои ја кршат Повелбата на Светската организација, посебно во областа на човековите права, не би требало да имаат исти привилегии со земјите кои ја почитуваат. Тони Блер е првиот британски премиер кој му се обрати на американскиот Конгрес од 1985 година кога тоа го стори тогашната премиерка Маргарет Тачер.
XS
SM
MD
LG