Достапни линкови

Зоран Јачев, член на Транспарентност Македонија. Корупцијата значително влијае врз личниот и семејниот живот


Каде е Македонија во овој извештај?

Ако се направи пресек на местата на коишто се наоѓа Македонија во овој извештај, меѓу 47 земји, ние сме редовно меѓу првите 15 а најчесто меѓу првите 10, се разбира во негативна смисла. На прашањето како корупцијата влијае врз личниот и семејниот живот, одговорт на македонските граѓани бил: многу влијае – 44,7%, значајно влијае 31,1%, незначително влијае 24,2%. Македонија спаѓа во горниот дел на табелата, односно граѓаните сметаат дека корупцијата значајно влијае врз личниот и семејниот живот. Друштво на таа ранг листа им правиме на Аргентина, Боливија, Босна и Херцеговина, Костарика, Нигерија, Палестина, Панама, Јужна Африка и Турција. На прашањето како корупцијата влијае врз условите за стопанисување, одговорите се дека 87,9% од граѓаните сметаат дека многу влијае, се разбира негативно, врз бизнисот. И тука заедно сме на прво место со Аргентина, апсолутно на врвот на оваа листа. Влијанието на корупцијата врз политичкиот живот е исто така означено како значајно во Република Македонија. Дури 70,3% од испитаниците сметаат дека корупцијата, повторно негативно, влијае врз политичкиот живот. И тука сме меѓу првите десет земји на табелата. Во методологијата, односно во истражувањето има едно интересно прашање коешто вели: доколку имате магично стапче да го употребите против корупцијата, во однос на кои институции би го употребиле? Македонските граѓани на прво место, како и најголемиот дел од другите земји во светот, велат дека најмногу им смета корупцијата во политичките партии. На прво месато македонските граѓани ги ставиле политичките партии со 28,2%. На второ место е царината, на трето место судството, на четврто место е образованието.

Кога сме веќе кај корупцијата во одделни области, деновите во јавноста беше посветено внимание на корумпираноста на универзитетите, со оглед на едно истражување што деновиве се објави. Каков е вашиот став?

И досегашните истражувања покажаа дека образованието е на едно од водечките пет до десет места по гранките на живеењето во Република Македонија. Се крена голема прашина со реакциите од образовните институции, претпоставувам заради тоа што во секоја институција има и чесни и корумпирани луѓе. Моето мислење и ставот на Транспарентност Македонија е дека таквото истражување не би требало да предизвика реакции коишто априори би требало да одбиваат постоење на корупцијата, бидејќи граѓаните знаат што се случува. Сметам дека таквото истражување треба да биде повод за покренување на поширока општествена реакција на раздвојување – што е здраво, а што е гнило во образованието.
XS
SM
MD
LG