Достапни линкови

Заложба за спречување на прелевање на криминалот преку границите


Министрите за внатрешни работи на Македонија и Црна Гора Хари Костов и Милан Филиповиќ се заложија за успешно спречување на прелевање на криминалот преку границите, што ќе биде овозможено со преземањето на граничното обезбедување од страна на полицијата.

„Ова е прва Спогодба меѓу двете земји и произлегува како обврска од Лондонската конференција за борбата против организираниот криминал и корупцијата одржана во ноември минатата година, а која упатува на полициска прекугранична соработка во регионот",

рече министерот Костов.

Црногорскиот министер за внатрешни работи Филиповиќ иако потенцира дека Црна Гора повеќе не се занимава со транзит на цигари, призна дека илегалната трговија е присутна во ова земја.

„Што се однесува до шверцот со цигари во Црна Гора можам да кажам дека тој секој ден е се помал. Едно време се вршаше транзит на цигари низ Црна Гора но сега веќе тоа не се прави, и ако некоја количина цигари влезе на наша теритоорија тоа се прави на илегален начин.“

изјави Филиповиќ.

Првиот човек на царинската управа на Србија, Александар Крстиќ, за начинот како да се спречи илегалната трговија преку границите вели:

„За да го направиме сето тоа на адекватен начин треба да извршиме унифицирана модернизација на текничките средства , а царинската контола на премините треба да ја вршат екипи од мешовит состав со цариници од двете погранични држави,“

изјави Крстиќ.
XS
SM
MD
LG