Достапни линкови

Недоразбирањата и поделеноста за Ирак надминати


Недоразбирањата и поделеноста поради Ирак се надминати соопштуваат членките на НАТО на конференцијата што се одржува во Мадрид. Во истовреме нови спротивставувања се јавуваат меѓу еврпоските држави членки и Соединетите Држави поради амбицијата на Европската Унија да ја преземе мировната мисија во Босна и Херцеговина.

НАТО е повторно во добра форма по поделеноста предизвикана околу војната во Ирак. Својата виталност Алијансата ќе ја демонстрира продолжувајќи ја својата мировна мисија на Средниот Исток, поточно во Авганистан, а подоцна и во Ирак. НАТО во август ќе ја преземе командата врз мировната мисија која се грижи за безбедноста во регионот на КАБУЛ, соопшти генералниот секретар на Алијансата Џорџ Робертсон. на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на Алијансата што се одржува во Мадрид. Но средбата чија цел беше токму да го поврати загубеното единство меѓу членките падна во сенка на различните ставови околу мировната мисија во Босна. Северноатланскиот Совет ќе го разгледа барањето на Европската Унија мисијата на СФОР во Босна и херцеговина идната година да биде заменета со евросили, изјави Робертсон и покрај тоа што Соединетите Држави јасно ставија до знаење дека не се согласуваат со таквиот предлог.

НАТО сеуште има работа во Босна, соопшти висок представник на Соединетите Држави додавајѓи дека преземањето на мисијата на СФОР од страна на европските мировници идната година би било преурането. Алијансата сеуште има работа да ги пронајде воените злосторници и терористи и да помогне во изградбата на инситуциите. Истиот извор наведува дека Соединетите Држави гледаат позитивно на трансферот на силите на НАТО со евопските војници во Македонија. Соединетите Држави на конференцијата во Мадрид ги представува државниот подсекретар Марк Гросман.
XS
SM
MD
LG