Достапни линкови

Државна делегација во Рим


Честувувањето и активностите од традиционалната манифестација Македонија во чест на Св. Кирил денеска продолжија со колебенот на гробот на Св. Кирил во базиликата Сан Клементе во Рим во присуство на македонската државна и црковна делегација. За време на прстојот во италјанската метрополна премиерот Бранко Црвенковски оствари средба со претседателот на Советот на министрите на Италија Силвио Берлускони.

Како што изјавија за новинарите двајцата државници односите меѓу двете земји се на исклучително високо ниво. Италија ќе се придружи кон идејата за Коридорот 8 и веќе подготвува фондови за изградба на инфраструктурата, изјави Берлускони потенцирајќи го значењето на трговската размена меѓу двете земји и заложбите за што поголемо присуство на италјанските претприемачи во Македонија.

Берлускони најави и дека во втората половина од годинава кога Италија ќе биде претседавач со ЕУ ќе побара решение за укинување на системот со визи.

Црвековски како што рече е уверен дека Берлускони е поборник за проширување, а земјите од Југоисточна Европа ќе го најдат своето место во ЕУ.

На средбата со градоначалникот на Рим Валтер Велтрони Црвековски ја реафрмира иницијативата за деатифицирање на мајка Тереза на 19-ти октомври годинава.

Предлогот Скопје да донира нејзина биста која ќе биде поставена во Рим, Велтрони го прифатил со воодушевување. На средбата со поглаварот на римокатоличката црква, папата Јован Павле Втори, Црвенковски му подарил документирани видео записи од престојот на мајка Тереза во Скопје. Папата Јован Павле Втори благословувајќи ги македонските граѓани рече:

„Во моите молитви е постојано вашата земја која треба да зајакнува во определбата за единственост и солидарност.“
XS
SM
MD
LG