Достапни линкови

Загадувањето во Скопје алармантно


Загадувањето на воздухот во Скопје е алармантно, предупредуваат од министерството за животна средина. Скопјани се гушат во четири милиони кубни метри јаглерод диоксид, сулфур диоксид, прав и азот. Во главниот град на државата фреквенцијата на возила е голема. Истражувањата на експертите велат дека дневно на еден километар квадратен се движат повеќе од 1500 возила, а вклучувајќи ги и индустриските капацитети загадувањето и штетните материи на воздухот во градов е огромно.

„Се е собрано на едно место. Сигурно дека и новата архитектура има свое влијание.“

„Што ќе даде господ тоа, се тешиме со Велес.“

„Скопје не да е празагаден, туку ретко на земјината топка некој град да е позагаден.“

„Во септември кога се печат пиперките, се прави ајвар, тогаш е најзагаден.“


Токму поради аларматноста на загаденоста на воздухот, во министерството за животна средина во тек е изработка на закон за квалитетот на воздухот, со кој ќе се овозможи примена на еколошките стандарди за индустриските објекти. Но, тој ќе овозможи и набљудување на воздухот од отровните гасови, кои сепак најмногу доаѓаат од возилата. А, како што велат и граѓаните првите негативни резултати по нивното здравје од загадувањето на воздухот веќе се регистрирани, потенцираат од еколошкото друштво „Опстанок“:

„Од здравствен аспект веќе се регистрирани некои појави коишто загрижуваат како последица на загаденоста на воздухот. Сето тоа дава една слика дека треба да се пристапи многу сериозно во изгурвување на овој закон,“

вели Лефка Стефанова Кочишки претседател на еколошкото друштво „Опстанок“. Според законот, сите индустриски капацитети во градов ќе мора да постават мерни станици и да ја контролираат количината на штетните гасови кои се испуштаат во воздухот. А, фирмите кои нема да ја почитуваат оваа регулатива, ќе плаќаат казни од 5,000 до 250,000 денари.
XS
SM
MD
LG