Достапни линкови

Довербата е многу подобрена


Бројот на инциденти со етнички бекгарунд е намален, кога ќе се осврнеме на состојбата од порано, таа е многу подобрена, оценува Питер Букер шеф на одделот за градење на доверба во рамки на мисијата на ОБСЕ во земјава. Притоа тој посочува дека се преземаат низа мерки во насока на подобрување на мегуетничките односи

„Нашите тимови на теренот работат екстремно напорно и со локалната полиција, како и со претставниците на локалната власт. Мониторите за градење на доверба кои се на теренот, работат многу блиску на сите прашања со локалните власти и се обидуваат да воспостават дијалог меѓу двете етнички заедници. Во овој контекст организираме семинари на кои учествуваат претставници на етничките заедници, потоа активности како Цветната трка која симболично го поврзува Тетово и Скопје и друго.“

Петар Атанасов од Центарот за етнички односи при Институтот за социолошки и политичко правни истражувања за овие мерки смета

„Тие се еден вид поддршка на вкупните меѓуетнички односи или пак на меѓу етничките односи во микросредините. Но генерално проблемите може да се надминат само со поголеми резови, или со поголеми победи во вкупниот општествен контекст.“

Во ОБСЕ велат дека и покрај активностите кои се спроведуваат не може веднаш да се очекуваат резултати:

„Ништо не се случува преку нок, и ако ги погледнеме конфликтите кои се случуваат или се случиле, како и етничките тензии кои се случија низ целиот свет, сето тоа е долг и бавен бизнис. Ние го започнавме долгиот пат за да ги подобриме односите мегу заедниците“

И Атанасов се согласува оти е потребно време за да има резултати

„Проблемите се со подолг историски багаж и не би можеле за краток период да се надминат, но моментлано можеме да кажеме дека има една позитивна атмосфера, дека има обиди да се надминат некои проблеми. Но, сепак некои настани како што е на пример случајот со учениците во Куманово, некои инциденти од околината на Тетово негативно влијаат врз атмосферата и врз обидите да се надминат. Значи, сеуште постојат сили на кои им одговара таа негативна состојба.“
XS
SM
MD
LG