Достапни линкови

Состојбата на неперспективност причина за иселувањето на младите


Атмосферата на стагнација, социјална и економска нсигурност, рушењето или непостоење на систем на вредности како и позитивна визија за иднината се причините за состојбата што младите во Македонија ја оценуваат како неперспективност.

„Поголем дел од луѓето од мојата генералција ја насочуваат мислата како што побрзо да ја напуштат оваа држава и да се вратат како богати луѓе.“

„Тука се сведува се на пиење, на алкохол, младите едноставно се разочарани.“

Овие впечатоци ги потврдува и науката, социологот Нелко Стојановски вели:

„Таа општа клима се одразува и на пораст на сите овие девијации, нели, да речеме пораст на наркоманијата, на трошење на слободното време по кафулиња, алкохолизам. Сега главен проблем е невработеноста и во ваквата економска состојба и тој создава чувство на беспективност и младите ги нањсочуваат мислите на друга страна.“

Песимистичките проценки на упатенте говорат дека Македонија губи голем дел од своето население. Точните бројки и податоци не се достапни, бидејќи не постои инситуција која се бави со регистрирање на оние што заминуваат. Но. ситуацијата е евидентна:

„На Македонија и се иселуваат највредните луѓе. Тие барајќи подобра иднина, се случува надвор да си го бараат своето место.“

вели дирекорот на агенцијата за иселеништво Мирче Доневски. Како што нема податоци така нема ниту стратегија со која земјата би понудила алтернатива на оние што сакаат да заминат за да останат. Оттаму и песимизмот кај младите дека нешто воопшто може да се смени на подобро

„Тешко дека квалитативно мрдање некаде ќе се случи бидејќи гледам што се случува овде. Се она што вредеше во оваа држава се распаѓа. Вредносниот систем е се понизкок, во сите делови, од музика и култура, па се до вработувања.“

„Тука нема егзистенција.“
XS
SM
MD
LG