Мотивите за одлуката за стопирање на кривичниот процес против дикреторката на Агенцијата за разузнавање Доста Димовска во врска со аферата прислушување, претседателот на државата Борис Трајковски ќе ги образложи идниот петок во своето обраќање пред парламентот, соопшти портпаролот Борјан Јовановски, потсетувајќи дека со ова Тајковски ќе одговори на барањето на парламентарните групи што беше поднесено пред неколку денови, како и пред јавноста. Одговарајќи на прашање, тој рече дека по донесувањето на одлуката за аболиција, сепак односите меѓу претседателот Трајковски и премиерот Црвенковски се во една релација, која како што оцени Јовановски е сосем нормална, но додаде дека не може да потврди дали во овој период дошло до средба меѓу нив.
„Релациите меѓу владата и претседателот по сите прашања се сосема нормални,“
рече Јовановски, пренесувајќи го ставот на кабинетот по ова прашање. Тој рече дека генерално меѓу институциите во државава треба да постојат добри односи за да може да се реализираат сите прашања што се од стратешко значење.
Портпаролот Борјан Јовановски не ги коментираше натписите во некои медиуми за можност од разрешување на Доста Димовска од функцијата, со објаснување оти за таквата можност кабинетот се информирал од весниците.