Достапни линкови

Жестоки борби околу Насирија


Како што јавуваат агенциите најжестоки борби се водат околу Насирија. Дописниците таму регистрирале тела на 30 Ирачани убиени во последниот американски напад при влегувањето во градот. Ирачкиот министер за информации Саед ал Сахаф рече дека за време на борбите меѓу Насирија и Басра ирачките сили убиле осум сојузнички војници.

„Резултатите се следни. Ирачките борци, борците на социјалистичката Баас партија уништија 30 возила, некои од нив тенкови. Уништивме три хеликоптери, три американски хеликоптери.“

Во друг непотврден извештај се наведува дека ирачаните извршиле по прв пат самоубиствен напад на тенк кај полуостровот Фо. Багдад и денеска беше под оган на сојузничките сили. Според официјални американски извори, американските сили се доближиле на помалку од 100 километри од Багдад. Кај џепот кај Ас Самавах американците ги продолжуваат нападите, јавува нашиот дописник Рон Синовиц.

„Aмериканските сили напредуваат во урбаните делови на Ас Самавах во намера да го скршат отпорот на Фадејановите командоси и ќленовите на владечката Баас партија.“

На прес конференцијата во Лондон британскиот премиер Тони Блер рече дека ирачките безбедносни апарати егзистираат за да го подржат Садам Хусеин.

„Никој не треба да биде изненаден што постојат сили определени за борба. Тие знаат дека ако падне режимот немаат каде да одат.“

Кај Басра во денешните борби загинал еден британски војник. Повеќе од милион жители таму останаа без струја и вода како резултат на борбите. Портпаролот на Стејт департменот Ричард Баучер изјави дека се води сметка при нападите да не страдаат цивили.
XS
SM
MD
LG