Достапни линкови

Македонија во незавидна ситуација


Македонија се наоѓа во крајно незавидна ситуација вели професорот по меѓунардно право Денко Малевски коментирајки го американското барање Македонија да се изјасни за воено ангажирање при евентуален напад врз Ирак.

„Од суштинско значење за нашиот опстанок е соработката помеѓу европските земји и САД. Само таквата соработка обезбеди во изминатава деценија некако со нивна помош да излеземе од кризите. Мислам дека на крајот сепак таа поддршка ќе мора да се даде особено затоа што Европа не е единствена. Не станува збор за судир помеѓу Европа во целина и САД, туку за расцеп внатре во Европската заедница“.

Нашата земја не во состојба да се пазари со САД , единствената корист која би ја имале е подршката која американсците ја даваат за нашиот територијален интегритет, стабилноста и идните непредвдливи ситуации кои можат да се јават смета професорот Малевски

„Последниве настани кај нас, кога бевме на работ од граѓанска војна, и за поддршката што тие ни ја дадоа испраќајќи свои војници и луѓе тука, во обидот да се сопре граѓанската војна, е нешто што ја има задолжено Македонија“.

Евентуалното испраќање жива сили во Ирак би значело дека Македонија и објавува војна на Ирак меѓутоа вели професорот Денко Малевски

„Кога би испратиле такви војници, претпоставувам по воената победа на САД, бидејќи би следел еден подолг период на реконструкција на земјата, во тој период, веројатно повеќе симболично, ќе биде потребно да се покаже нашата поддршка. Се разбира, никој нема симпатии за режимот на Садам Хусеин, иако има големи несогласувања за тоа како треба да се пристапи кон решавањето на тој проблем – дали со војна, или пак и натаму со санкции“.
XS
SM
MD
LG