Достапни линкови

Фродо Моринг, шеф на операцијата на Јуендипи за собирање на оружјето. Активните општини може да сметаат на помош за сопствениот развој


Господине Моринг кажете ми нешто повеќе за проектот на прогрaмата за развој на Обединетите Нации за собирање на малото и лесно оружје во Макеоднија?

Тоа всушност е дел на регионална иницијатива. ЈУЕНДИПИ е инволвиран во Албанија, на Косово, Србија и Црна Гора во проекти за собирање на малото оружје. Имено тоа е проблем кој не може да се реши само во една земја, тоа е поширок проблем. Се покажа дека за да создадете рамка за решавање на проблемот со оружјето добро е во тоа да се вклучени и меѓународни организации како што е ЈУЕНДИПИ. Се разбира постои причина зошто луѓето воопшто поседуваат оружје и ЈУЕНДИПИ се обидува да ги одтсрани заедно со партнерите како што се ОБСЕ и се разбира владата. Причините би можеле да се доведат во врска со кризата но сите знаеме дека има доста оружје и во земји кои немале конфликт. Тоа може да се должи на историско наследство, или на организираниот криминал и чувствотот на безнедност на луѓето. Па така градењето доверба, присуството на полицијата како и камапња за подигањето на свеста на јавноста за проблемот се многу важни аспекти на акцијата. Друг еднакво важен аспект е она што ние го нарекуваме оружје за развој. Тоа едноставно значи дека општините што ќе бидат проактивни во собирањето и предавањето на оружјето ќе бидат наградени со помош за развој од организациите како што е ЈУЕНДИПИ

Како ја оценувате соработката со владата?

Активостите на ЈУЕНДИПИ се комплементарни на владините напори. Ние сме вмешани во решавањето на проблемите што имаат национален приоритет. Ние не сме невладина организација што има своја агенда. Македонија е дел од системот на Обединетите Нации. Така што она што ние тука го правиме е проект во координација и соработка со владата. Всушност ние заедно го дефиниравме програмот.

Дали со законот за собирање на оружјето се предвидува и амнестија на оние што го поседуваат доколку го предатат во рок предвиден со законот.

Тоа е работа на македонската влада која овој закон ќе го предложи до собранието. Јас не би го коментиран но тоа се предвидува. Во принцип зад амнестијата лежи намерата да се отвори можност за време на акцијата оружјето да се предаде без ставување на луѓето дека ќе бидат гонети поради тоа што го поседуваат.

Има ли вашата организација проценка за колкаво количество оружје станува збор?

Направивме неколку студии. Би рекол дека бројката што се среќава по медиумите за постоење на четири стотини илјади парчиња нелегално оружје е слична на нашите проценки.

Кога можеме да очекуваме старт на акцијата за собирање на оружјето?

Точниот датум треба да се утврди во однос на тоа кога парламентот ќе го усвои законот. Јас сум оптимист иако ова е доста комплициран процес. Тој донекаде е поврзан со безбедносната ситуација, со редот и мирот во општините. Така што овој програм треба да се спроведе доста внимателно. Сосема е нормално што за него е потребно време, тоа е напредување чекор по чекор во процесот за собирање на малото оружје.
XS
SM
MD
LG