Достапни линкови

Денеска ќе заседава националниот совет за безбедност


Речиси пет месеци по парламентарните ибори во Македонија денеска за прв пат ќе се соберат членовите на Националниот Совет за Безбедност. Од киднапираните до Ирак се темите за кои ќе се раправа на оваа средба која претседателот Борис Трајковски ја свика откако ги назначи и тројцата надворешни членови на Советот. Како што веќе е познато изборот на Трајковски беше: Муса Џафери, Агрон Буџаку и Ѓунер Исмаил.

Покрај загриженоста на претседателот за порастот на насилството и големото количство нелегално оружје кое се наоѓа во рацете на граѓаните на седницата на Советот за безбедност

„Ќе се зборува и за актуелната безбедносна ситуација во државата, за мерките кои треба да се преземат за да се забрза истрагата во врска со киднапираните, како и за развојот во меѓународната политичка сцена во врска со Ирак.“

Изјави портпаролот Борјан Јовановски кој вели дека време да се забрза процесот на истрагата во врска со киднапираните лица

„Претседателот смета дека навистина е потребно да се забрза процесот и истрагата бидејќи тие луѓе заслужуваат да добијат некаков одговор. Чекаат веќе подолго време и во врска со тоа мислам дека е потребна извесна координација меѓу надлежните огани и со таа цел ќе биде ставено на дневен ред.“

Во врска со позицијата на шефот на државата во однос на Ирак портпаролот Јовановски изјави

„Претседателот го изрази својот политички став дека Македонија ги поддржува демократски ориентираните сили во светот и анти терористичката коалиција. Претседателот и понатаму е на став дека Советот за безбедност треба да ги преземе сите неопходни мерки за да се отстранат заканите што ги предизвикува режимот на Садам Хусеин.“
XS
SM
MD
LG