Германскиот амбасадор Гинтер Плојгер во седиштето на Обединетите Нации рече дека одлагањето е неопходно со цел земјите членки да ги разгледаат предлог резолуцијата поднесена од Соединетите држави, Британија и Шпанија, како и меморандумот поднесен од Франција, Германија и Русија, а подржан и од Кина. Во предлог резолуцијата се наведува дека Ирак ја пропуштил последната шанса за доброволно разоружување и оти сега треба да се соочи со сериозни консенквенци. Портпаролот Ари Флеичер ги соопшти во Њу Јорк очекувањата на Белата Куќа.
„Претседателот очекува да се гласа по скратен пат за новата резолуција. Сметам дека е неопходно да им се даде време на членките на Обединетите Нации да го видат документот. Не можам да прецизирам колку дена ќе бидат потребни но нема да бидат многу.“
Шефот на француската дипломатија Доминик де Вилпен чија земја, заедно со Германија и Русија е поднесител на меморандумот за Ирак во кој се бара продолжување на инспекцијата на Обединетите Нации изјави.
„Некои од земјите сметаат дека е важно уште денеска да мине втората резолуција за Ирак. Ние од друга страна не веруваме дека е тоа неопходно. Не сметаме дека е добро да се носи втора резолуција кога сме во средина на процесот на инспекцијата.“
Британскиот амбасадор Џереми Гринсток пак рече дека разбира оти станува збор за тешка одлука.
„Да ние бараме тешка одлука од Советот за безбедност. Тоа можам да го разберам, но исто така и Ирак имаше шанса доброволно и мирољубиво да се разоружа.“
Русија со став дека се уште има време за мирна разрешница на ирачката криза. Амбасадорот на Москва во Обединетите Нации Сергеј Лавров.
„Не сметаме дека шансите за мирно разоружување на Ирак се загубени. Ние сме напротив убедени дека треба да прдоложи инспекцијата и Ирак треба да одговори на барањата на меѓународната заедница.“
Во однос на предлог меморандумот за Ирак американскиот амбасадор во Светската органзација Џон Негропонте изјави.
„Jас во врска со предлогот на Франција, Русија и Германија би рекол дека тука има повеќе процес отколку содржина. Не гледам дека е тоа придонес за разоружување на Ирак.“
Соединетите држави побараа од Советот за безбедност да се изјасни и да гласа за резолуцијата до средината на Март.