Достапни линкови

АНА постои и претставува опасност


Изјавите на постоење 500 муџахедини во земјава се толку претерани и несериозни што не заслужуваат да се коментираат. Станува збор за политички маркетинг вели советникот за национална безбедност на премиерот Црвенковски Лазе Китановски Но тоа не значи дека не постојата закани за безбедноста. Една од нив е и фамозната албанска национална армија

„АНА постои, меѓутоа, тоа се 3-4 мали групи од по 5-6 луѓе, кои се префрлаат од Косово и се обидуваат да направат една поширока логистика и поддршка, меѓутоа, според нашите сознанија, не наидуваат на прием кај албанското население“

Државните органи засега се ограничуваат на следењето на АНА

„Нормално, во одреден момент државата ќе преземе соодветни мерки и тоа ќе се случи тогаш кога ќе има услови тоа да помине без поголеми потреси. Службите ги следат со свои специфични методи, меѓутоа, тие ги користат високите премини меѓу Македонија и Косово, најчесто се прикриваат во цивилна облека. Тие немаат направено некое политичко криминално дело. Повеќе се обидуваат да агитираат меѓу населението“.

паралелно со АНА во земјава, односно во тетовско-гостиварскиот кризен регин оперираат и албански криминални банди

„типични, да речеме, за тетовско-гостиварскиот регион кои се занимаваат со грабежи и нивна мета се пред се Албанците“.

Постоењето на овие групи го потврдуваат и од НАТО мисијата во земјава

„Свесни сме за криминалните групи и банди што користат насилство и го попречуваат нормалниот тек на активностите,“

изјави портпаролот Крег Ретклиф со оценка дека ситуацијата во земјава е генерално стабилна но чувствителна.
XS
SM
MD
LG