Првиот излез на преработен силициум се очекува да излезе од печките на „Силмак“, поранешен „Југохром“ во текот на наредната седмица, откако во средата на интерна свеченост во кругот на фабриката генералниот директор Жак Мопа ги вклучи печките во системот на електростопанство на Македонија.
Во текот на наредните денови ќе продолжи процесот на загревањето, а потоа и самиот процес на производство. Во „Силмак“ веќе пристигнуваат камиони со суровини и репроматеријали, а веќе е почнато дробење на кварцот.
Речиси сите, околу 640 лица кои потпишаа договори за работа се и работно ангажирани. Во завршна фаза е реновирање на управната зграда која се наоѓа во кругот на фабриката, каде е пристигнат иневнтарот, оспособени се три директни телефонски линии, во тек е монтирање на нова телефонска централа, а во завршна фаза е и реновирање на кујната која веќе функционира.
Деновиве „Југохром“ го посети и првиот човек на конзорциумот СЦММ, Жан Пиер Розан.
„Ние имаме искуство и ќе помогнеме и оваа компанија со намалување на трошоците на производство да биде конкурентна на пазарот,“
изјави Розан и додаде:
„Во врска со најавата за отворање на 1,000 работни места, можам да кажам дека тоа ќе биде комбинација на директни и индиректни вработувања. За производство на феро силициум во прво време ќе бидат потребни уште 500 работници, а 650 работници ќе бидат ангажирани кога целата опрема ќе биде оперативна. Надвор од тоа ќе има и индиректни вработувања кои ќе извршуваат разни услуги. Очекуваме сите овие да бидат вработени во првата половина од наредната година.“
За најавените милионски суми како инвестициски влог во комбинатот во наредните пет години Жан Пјер Розан децидно ни изјави дека секогаш до сега го испочитувал неговиот потпис.