Достапни линкови

Грешка на офицерот - презентер


Именувањето на Македонија како ФИРОМ и употребата на албанскиот јазик на церемонијата по повод завршувањето на мисијата „Килибарна лисица“ во штабот на НАТО во Бунарџик е пропуст на офицерот презентер кој беше задолжен за организацијата на свеченоста. Ова е грешка поради која жалиме е ставот на НАТО мисијата во Скопје што амбасадорот Бигман и го соопштил на македонската министерка за надворешни работи Илинка Митрева по протестот на министерството.

„Амбасадорот Бигман се сретна со министерката за надворешни митрева и таа ја изрази својата загриженост поради употребата на зборот ФИРОМ. Тие се согласија дека станува збор за пропуст. Амбасадорот Бигман ја изрази својата загриженост и жалење поради тоа. Но, сепак станува збор за мала работа бидејќи во говорите на адмирал Џонсон, комнадантите Чиња и Де Јонге не беше употребен зборот ФИРОМ. Се работи за помлад офицер кој го користеше зборот и направи грешка,“

изјави портпаролот на НАТО Марк Лејти. Според неговите зборови недорабирањето како за употребата на зборот ФИРОМ така и за оттсапувањето на утврдената употреба на официјалниот јазик е и оценето како грешка што не би требало да влијае на добрите односи. Ова не е промена на политиката. Сепак е мала работа што не би требала да го засени фактот дека ова беше мошне успешен ден и убава пригода.
XS
SM
MD
LG