Се залагате за департизација на институциите. Во колкава мерка тоа е можно во една, би рекол, препартизирана држава?
Мислам дека е тоа императив на времето, бидејќи коалицијата „За Македонија заедно“ програмски се определи за изградба на институциите кои ќе му служат на граѓанинот, а не на политичката партија; кои ќе бидат лојални кон граѓанинот, а не кон политичката партија. Едноставно, институциите остануваат како константна вредност, а власта е менлива и минлива категорија. Ако сакаме да изградиме државни институции коишто ќе бидат почитувани од граѓаните – од сите граѓани, и од оние кои имаат и од оние кои немаат политичка определба – тие мораат да бидат екипирани со стручни кадри коишто партиски и политички не се определени. И ефикасно и стручно да си ја вршат работата. Дали станува збор за судство, за државни органи итн., ние имаме обврска кон граѓаните, но пред се обврска кон идните генерации да го започнеме процесот на департизација на институциите.
Во колкава мера ваквиот став коренспондира со вашата припадност на политичка партија, на структурите на таа политичка партија која во моментот е на власт?
Без сомнение дека власта е структуирана на политички и партиски основи. Нашето општество е конфликтно, плурално и во ниеден случај не може да се каже дека не може да коренспондира со идејата за департизација на институциите, бидејќи власта ќе си замине и ќе дојде нова власт. И квалитетот, и професионалниот однос на сите институции ќе бидат доведени во прашања, а во прв план обврските кон граѓаните.