Достапни линкови

Регионалната соработка веќе не мора да се наметнува


Ова е прв чекор во практичната имплементација на договорот за протегање на границата меѓу Македонија и Југославија, рече министерот за надворешни работи на Македонија Илинка Митрева по средбата со нејзиниот југословенски колега Горан Свилановиќ и бугарскиот Соломон Паси.

„Да упатиме порака оти Балканот не е повеќе место на коешто се наметнува регионалната соработка, туку напротив, регионалната соработка е изворна потреба на балканските држави во чекорењето кон евроатлатските интеграции, кон регионалната соработка и кон добро соседството.“

Важен ден за двете држави вака го оцени почетокот на демарацијата на границата југословенскиот шеф на дипломатијата Горан Свилановиќ

„Тоа е едноставно завршување на тој процес на раздружување на поранешна Југославија и сега сакаме најнормално да живееме сите на овој регион.“

За Соломан Паси Балканскиот полустров не треба да има граници:

„Јас лични сум противник на границите и сметам дека еден ден сите наши држави ќе живеат на еден полусотров без граници.“

За подобрување на комуникацијата на жителите од трите земји, рече министерот Митрева договорено да се отворат привремени гранични премини, но не прецизираше каде и кога тоа ќе се случи.

Инаку, за барањето и косовските власти да се вклучат во одбележувањето на грницата во делот кон Косово , министрите Митрева и Свилановиќ едногласно изразија спремност за соработка со УНМКИК, но не и со привремената косовска влада.

„Ние сме подготвени за соработка со привремената администрација на ОН на Косово, УНМИК се разбира во договор со Белград, според договорот за опис и протегање на границата и во согласност со резолуцијата 1244.“
XS
SM
MD
LG