Достапни линкови

Албанците треба да го прифатат решението за Шемшево


Припадниците на албанската заедница во тетовското село Шемшово треба да го прифатат предлогот на премиерот Црвенковски дека во основното училиште треба да се врати старата двојазична табла со името Даме Груев, изјави Харолд Шенкер од ОБСЕ.

„Кое и да е решението, нашата позиција е дека тоа треба да биде во правната рамка која постои во земјава, промената на името и бистата не беше направена според законите.“

Шенкер информира дека тие се согласуваат со решението на премиерот, дека треба се врати старото име на училиштето, бидејЌи предлогот на премиерот е компромис и предвидува директорот да биде од албанска националност

„Тоа е решение кои ги задоволува двете страни, бидејќи според дел од договорот се предвидува оти ако некој чувствува дека треба да се смени името на школото, тоа треба да се направи преку иницијатива и постапка согласно со законот. Не се менува име на школо преку ноќ,“

потенцира Шенкер кој посочува дека тоа е ставот на ОБСЕ и неговите тимови кои работат на терен и воедно го презеентираат овој став на населението од албанска националност кое смета дека името на училиштето треба да биде Јумни Јонузи.
Раман Алити претседател на месната заедница на Шемшево смета дека предлогот на Црвенковски ќе ги влоши мегуетничките односи во тетовско

„Тоа што е предложено од премиерот е добро само за една страна, само за македонската популација, а за албанската популација не сме прашани.“
XS
SM
MD
LG