Достапни линкови

Засега не е разговарано меѓу коалиционите партнери


Согласно рамковниот договор прашањето за државните симболи треба да се реши во хармонизација на ставовите меѓу македонските и албанските политички партии вели:

„Засега на оваа тема се уште не е разговарано со коалициониот партнер.“

генералниот секретар на ДУИ Муса Џафери кој додава:

„За време на преговорите за формирање на новата влада се договоривме како еден од механизмите за надминување на споровите да се формира партнерски совет и тој совет ќе го раководат лидерите на СДСМ и ДУИ.“

изјави Муса Џафери откако во весникот „Факти“ беше објавено дека ДУИ бара менување на државното знаме.

Прашањето за знамето не е тема за која треба да се разговара сметаат во СДСМ:

„Мислам дека тоа не е тема за којашто треба да се разговара и од којашто треба да започне градењето на довербата во Македонија. Напротив, мислам дека треба да се зафатиме со други работи, со безбедноста и враќањето на мирот на теренот и со економскиот развој. Знамето е веќе минато и треба да се зафатиме со други теми.“

изјави портпаролот на СДСМ Јани Макрадули.

За време на преговорите за составот на новата влада се договоривме еден од механзмите за надминување на евентуалните спорни прашања е да се формира партнерски совет и тој совет ќе го раководат лидерите на СДСМ и ДУИ, изјави генралниот секратар на ДУИ Муса Џафери.
Во СДСМ без потврда на оваа идеа што треба да помогне во ослободувањето на владата од дневно политичи прашања. Меѓутоа информацијата за барањата на ДУИ за менување на знмето според најголемата опозицика партија ВМР- ДПМНЕ е навестување за промена на државниот симбол:

„Сегашното искуство говори кон тоа дека за 2-3 години нивниот став ќе омекне, па тоа медиумски ќе го подготват и после сето тоа ќе ни го прикажуваат како најголема мудрост и достигнување тоа што наместо Али Ахмети, СДСМ ќе го реализира сменувањето на знамето.“

изјави портпаролот Влатко Ѓорчев.
XS
SM
MD
LG