Достапни линкови

Договор за заемна соработка на министрите со замениците во сите ресори


Во четврток пратениците ќе гласаат за избор на членови на владата, односно новите министри, а согласно измените на законот за влада заменик министрите во новиот владин кабинет по предлог на премиерот ќе се избираат на посебна собраниска седница, не подоцна од десет дена од одржувањето на седницата за избор на нова влада.

Имињата на заменик министрите веќе се доставени до мандатарот велат од партиите кои ќе ја сочинуваат новата владина коалиција.

Замениците според ДУИ ќе имаат поголеми ингеренции од претходните вака се договориле со коалиционите партнери СДСМ и ЛДП.

„Ние промовиравме начин на владеење со партнерство, а не значи она формално да се биде на некој ресор. Во тој склоп значи, во филозофијата на ова партнерство, спаѓа и оваа заемна соработка и мислам дека замениците ќе имаат поголемо влијание и поголема политичка моќ во самата структура без разлика од која политичка партија тие биле и во кое министерство тие биле,“

изјави Азиз Положани.

Договор за поголеми ингеренции на замениците со ДУИ не постои, за тоа е подребно е да се интервенира во законот за влада велат од СДСМ. Но, генералниот секретар на партијата Ѓори Спасов појаснува:

„Постигнат е договор да постои висок степен на соработка меѓу замениците и министрите во сите ресори на владата, како би се обезбедило соодветно влијание на политичките партии што учествуваат во владата во сите ресори. Оттаму, тоа е прашање на политички договор и можност за соработка којшто всушност треба да определи тимска работа во остварувањето на програмата на владата.“
XS
SM
MD
LG