Британскиот премиер Тони Блер на денешната специјална седница на Парламентот изјави дека во досието на Владата за случајот Ирак се наведени докази за ирачките намери да развие оружје за масовно уништување и оти Садам Хусеин би можел да го употреби.
„Неговата програма за оружје за масовно уништување е активна, детална и се развива. Политиката на воздржување не функционира, бидејки не е отстранета опасноста од ирачките воени капацитети.“
Во извештајот на 50 страници, што го објави Британската влада врз основа на разузнавачки податоци се наведува дека ирачкиот претседател Садам Хусеин директно го контролира хемиското и биолошкото оружје и оти се обидел да набави значителни количества ураниум од Африка. Ирачкиот режим, преку бегалците, набавува технологија и материјали кои може да ги искористи за употреба на нуклеарно оружје. Ирак го проширил и капацитетот на балистичките ракети, а некои од нив можат да се употребат во рок од 45 минути од издавањето наредба од ирачките команданти, се вели во извештајот. Натаму се наведува дека Ирак од искуството од претходните меѓународни инспекции за оружје научил како да ги сокрие своите капацитети за масовно уништување. Во досието се наоѓаат и мапи кои покажуваат дека ирачкото оружје може да биде закана за Израел, целиот Блиски Исток и членките на НАТО Грција и Турција. Според проценките на разузнавачките служби, доколку бидат укинати санкциите против Багдад, Садам Хусеин за една до две години ќе има на располагање нуклеарно оружје, кое не би се двоумел да го употреби дури и против својот народ. Ирак ги отфрли ваквите обвинувања, а ирачкиот министер за култура Јусуф Хамади во Багдад изјави:
„Блер дејствува како дел од Ционистичката кампања против Ирак и сите негови обвинувања се неосноваи. Тој нема подршка ниту во британскиот парламент.“
Имено, дел од британските пратеници го обвинија премиерот Блер дека Британија нема сопствена надворешна политика, независна од американската администрација. Во меѓувреме во Советот за безбедност на Обединетите Нации во процедура е резолуција за можно дозволување на употреба на сила против Ирак, врз основа на членот 7 на Светската организација. Генералниот секретар Кофи Анан соопшти:
„Советот е во процес на дискусија за нова резолуција и доколку таа помине, ќе биде заснована врз членот 7, кој одобрува употреба на сила доколку Ирак не ги исполни барањата на меѓународната заедница.“