Достапни линкови

СДСМ нема да ја заобиколи ДУИ во преговорите


Во Социјалдемократскиот сојуз чекаат претседателот Борис Трајковски да им го додели мандатот за формирање влада, а потоа да започнат разговори за коалицирање. Според изборните резултати тие најверојатно ќе се водат со Демократската унија за интеграција на Албанците која доби најголема поддржшка од албанскиот електорат во земјава. Оттаму пак велат дека оваа недела треба да се почека да се објават официјалните резултати од изборите

„Преговорите или разговорите околу идната влада можеби би започнале малку подоцна.“

изјави потпретседателот на партијата на Ахмети, Теута Арифи која ја поздравува најавата на коалицијата „За Македонија Заедно„ дека ќе ја почитува војлата на припадниците на албанската заедница

Потпретседателот на СДСМ, Владо Бучковски вели:

„Ќе настојуваме во нашите договори за идната влада, откако ќе го добиеме мандатот се разбира од претседателот Трајковски да разговараме со политички партии кои се подготвени да ја прифатат нашата платформа, а таа е базирана врз три стратегии: борба против сиромаштијата и отворање нови работни места, борба против организираниот криминал и корупцијата, отворање фронт за враќање на мирот и спокојството и на крајот приближување на Македонија кон евроатланските интеграции.“

Тој потврдува дека коалицијата „За Македонија Заедно“ која доби 50 проценти од пратеничките мандати нема да ја заобиколи партијата што доби мнозинство гласови од Албанците, но посочува:

„За сите оние за кои се води постапка пред судот во Хаг и сите оние за кои постои основано сомневање дека сториле злосторство против човештвото за време на воениот конфликт немаме ниту расположение ниту намера да ги вклучиме во идната влада.“

За ова во ДУИ засега без коментар, тие само порачуваат

„Тоа што е волја на албанскиот електорат треба да се почитува, додека за другите елементи што може да се третираат како отворени прашања ќе се разговара подоцна.“
XS
SM
MD
LG