Достапни линкови

Изборите ги следат 146 акредитирани странски новинари


Се надеваме дека изборите ќе поминат во фер и демократска атмосфера и по гласањето ќе се формира власт, што значи дека во Македонија нема да има политичка криза, оценуваат повеќе странски новинари кои се акредитирани да го следат изборниот процес во земјава.

„Ова е многу непредвидливо место, ова е место како еден вид парадокс, тоа што е неочекувано, може да се очекува секогаш.“

вели Ешли Фанс новинар на американскиот Интернет магазин „Салун“.

Бугарија многу се интересира за парламентарните избори во Македонија. Можеби затоа што е наша соседна земја, вели Пламен Димитров од дневниот весник „Бугарска армија“,

„Вистинскиот впечаток е дека изборите ќе поминат во мирна атмосфера, според моја проценка никој нема да осввои мнозинство со кое ќе може самостојно да формира влада и ќе мора да коалицира.“

И Золтан Кабук, новинар на хрватското радио очекува овие избори да поминат во демократска атмосфера.

„Да ја изразат волјата на граѓаните во онаа смисла во која тие ќе се определат за партиите и по изборите да се конституира парламент и да не дојде до владина криза како што најавуваат некои аналитичари.“

Инаку, овие избори ги следат 701 домашен и 146 акредитирани странски новинари.
XS
SM
MD
LG