Со синоќешниот митинг на владејачката коалиција во Скопје и со оној на опозиционата „За Македонија заедно“, закажан за вечерва, завршува предизборната кампања за неделните парламентарни избори. Последните настапи партите ги користат за уште еден апел до граѓаните да гласаат за нив. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Љубчо Георгиевски ја побара довербата од народот не за обична победа, туку за триумф со 61 пратеник, поради како што рече повеќе причини.
„да не бидеме уценувани од разни меѓународни организации, од било какви албански екстремисти – бараме 61 пратеник и меѓудругото, на поразениот до незе СДСМ, да ја имаме таа шанса да му понудиме први да влезе во нашата коалиција и да застанеме пред реалните опасности.“
Една од заедничките желби на двете најголеми коалиции е фамозната бројка од 61 пратеник.
„Во недела ќе победи не само коалицијата „За Македонија заедно“, туку ќе победат граѓаните на Република Македонија и тоа со уверлива победа од 61 пратеник.“
А на предлозите од владејачките партии за национално единство и заедничко учество во новата влада, лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски вели:
„Со оние кои ни донесоа војна, кои сакаа да ни ја поделат државата, да ни го селат населението, да не скараат и етнички и верски, ние национално единство не правиме.“
што се однесува до текот на целата кампања, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев истакнува:
„Нашите митинзи вистина беа попосетени, а од друга страна можевме да видиме и еднен класичен политички кукавичлук од страна на СДСМ, кога одбија да се појават пред очите на јавноста во телевизиските дуели.“
Во партите на Албанците преовладува задоволство од нивните настапи пред граѓаните. Џевдет Насуфи од ДПА очекува позитивни ефекти од, според него, успешно спроведената кампања. Во неа ги потсетиле граѓаните што е постигнато и што треба да се постигне во иднина , а се базира врз три столба
„Национално обележје, има интегративно обележје во смисла на главниот наш слоган „Тежнееме кон Западот“, а секако и економски развој.“
изјави Насуфи
Во ПДП сметаат дека го исполниле сето она што било планирано. Шефот на изборниот штаб Насер Зибери вели дека за нив била хендикеп напнатата атмосфера, обвинувајќи некои партии за преагресивен настап и за трошење многу пари. Тој го осуди и однесувањето на првиот и третиот канал на МТВ
„кои на многу дискриминаторски начин ја следеа нашата кампања и не покриваа ниту 30 отсто од нашите активности.“
Портпаролот на ДУИ Агрон Буџаку нагласува дека партијата водела конструктивна и позитивна кампања и настојувала да не одговара на нападите од другите партии. Тој е голем оптимист:
„По се изгледа, ќе го добиеме мнозинството на гласовите на Албанците во Македонија, некаде околу 70 отсто.“
На крајот од четиринеделниот предизборен период може да се зклучи дека и покрај присутната тензија и неколкуте инциденти кои беа директно или индиректно поврзани со изборниот процес, кампањата мина без поголеми турбуленции. Заедничка порака од сите партии е гласањето в недела да мине во демократска атмосфера.