Достапни линкови

Разговорите продолжуваат по изборите со изменет преговарачки тим


Рокот на времената спогодба за името со Грција - што беше во сила седум години истекува, но таа продолжи да важи и останува во сила се додека не биде заменета со дефинитивен договор. Во преодните и завршни одредби е предвидено спогодбата автоматски да продолжи да се спроведува освен во случај една од двете страни - потписнички да побараат нејзино раскинување. Но, и во тој случај таа престанува да важи после една година.

Разговорите за разликите за името на државава продолжуваат во ОН по изборите кога ќе се формира новата влада кога според извори од кабинетот на преседателот Борис Трајковски македонскта страна ке настапи со нов тим. Тоа неодмна го потврди претседателот Трајковски:

„Сметам да го засилам тој преговарачки тим со луѓе кои учествувале во процесот на сукцесија од поранешна Југославија, но и кои се експерти по меѓународно право и луѓе кои се сега актуелни и работат во нашата дипломатија.“

Во мометов на маса е предлог за едно име на државава а не двојно како што се презентира во јавноста, Република Македонија во меѓунароните односи, а друго име во билатерните однси со соседна Грција. Според тие извори допрва во Њујорк ќе треба да се отвори прашњето за двојна формула како наша заложба. Бидејки формулата за едно име што досега беше предмет во Њујорк имплицира промена на уствното име.

Трајковски оценува дека привремената спогодба е значајна бидејќи создаде поволна клима за развој на билатералниет односи додека од аспект на македонските национални интреси постојат некои неповолни одредби, но дека сепак во целина со тој докумнт беа најдени модалитети за да се создаде еден посебен преговарачки процес на развојот на однсосите меѓу двете држави.
Преговарачкиот тим што го формираше шефот на држава ќе го замени досегашниот преговарач во Њујорк амбасадорот Тошевски.

Тимот го сочинуваат професорот Љубомир Фрчковски кој веројатно ке биде координатор како и Сашо Георгиевски и Тодор Џунов експерти по меѓунардното право и Виктор Димовски од министрството за надворешни работи.

Со потпишувањето на спогодбата во Њујорк пред седум години од страна на тогашните мнистри за надворешни работи Стево Црвенковски и Карлос Папуљас Македонија во Обединетите Нации беше примена под синтагмата Поранешна Југослаовенска Република Македонаија.
XS
SM
MD
LG