На 17 Септември Македонија ќе го потпише договорот за влегување во семејството на земји членки на светската трговска организација.
„Светската трговска организација има 144 земји членки и 28 земји аспиранти за членство со што со правилата на оваа моќна организација се опфатени околу 98 проценти од светската трговија.“
Објаснува економсакиот експерт доктор Борче Блажевски. Се работи за пазар кој апсорбира огромни количества стоки. Од Македонија покрај металната и текстилната индустрија, конкурентни стоки на светскиот пазар ќе бидат земјоделските производи.
Влегувањето во СТО значи и влез на странските стоки во Македонија, што може директно да го погоди домашното производство предупредува Блажевски.
„„Ќе се зголеми конкуренцијата на домашниот пазар и тоа ќе има неповолно влијание врз работењето на дел од економијата, а особено на одделни претпријатија во хемиската индустрија, секторот на енергетиката, текстилот и агрокомплексот.“
Доколку правилно бидат исползувани ефектите од влезот во светската трговска организација само на име зголемување на извозот, Макеоднија во наредната година може да регистрира зголемувањена брото домашниот производ за 7%.
„Извозот на Република Македонија во наредниот период би можел да се зголемува со реална стапка од 9 отсто, а увозот на стоки од 7 отсто.“
Со потпишувањето на договорот за влез во светската трговска организација предвидено е договорите за слободна трговија да останат на сила и во наредните пет години за кој период Макеоднија ќе мора во потполност да ја трансформира својата економија кон условите што важат на странските пазари. Ваквиот договор подразбира непостоење на монополи како што е во случајот со рафинеријата „Окта“ и државни компании како Електростопанство на Македонија.