Достапни линкови

Молотов коктел во седиштето на НДП и бомба кашикара во близина на ДУИ


Седиштето на ДУИ на Али Ахмети во скопската населба Чаир, според МВР, најверојатно не било целта на бомбата кашикара фрлена рано изутрината во близина на објектот на оваа партија

„Бомбата е експлодирана во близина на бурекџилницата Мане. Бурекџилницата е оштетена и две паркирани возила. Ако некој фрлил бомба на ДУИ, ќе фрлел кај куќата, а не кај бурекџилницата“

изјави портпаролот Воислав Зафировски.

Во ДУИ велат дека во нападот извршен од непознати сторители има само материјална штета, а за тоа кој би можел да стои зад сето ова, Назиф Буши вели:

„Немаме сознанија. Реков дека се непознати сторители, но сигурно ќе излеземе со соопштение.“

Во седиштето на НДП во Чаир, пак, во приближно истото време бил фрлен Молотов коктел, при што е причинета материјална штета, но нема повредени. Партискиот став за овој инцидент го изнесува Ракип Дочи, член на централното претседателство:

„Ова е дело на мрачни сили коишто првенствено не и скаат добро на Република Македонија. Одговорноста за ваквите случувања паѓа на товар на тие коишто се одговорни за мирот и безбедноста во државата.“

Во МВР засега немаат информации за овој инцидент.
XS
SM
MD
LG