Достапни линкови

Враќање на правните механизми на целата територија


Со новата методологија во работата на полицијата чија примена започнува денеска МВР најавува враќање на првните механизми на целата територија на државата што подразбира заштита на граѓаните и спречуавње пронаоѓање и откривање на сторителите на кривичните дела.

Имајќи го предвид отпорот на одделните криминални банди кои сеуште се активни на териториите од пораненшите кризни региони полицискиот портпарол Воислав Зафировски оценува:

„Нивниот простор за делување е потесен видејќи тие немаат поддршка за дејствување во ниту една структура во зејава. Ставот на меѓународните организации присутни во Република Македонија е сосема јасен и за нив е обесхрабрувачки.“

За успешна примена на новата методологија на полицијата во голем дел ќе биде потребна и поддршка и доверба од месното население, а дека може да се очекува нивната поддршка според полицискиот портпарол треба да зборува податокот дека:

„Тие со своето однесување се дојдени преку глава и на месното население кое се почесто и се погласно бара помош од полицијата и ги пријавува нивните акти на рекет и насилство.“

Со добра координација на полицијата и на месното население во што ќе помогне локалната власт мислиме дека ќе ја воспоствиме неопходната сигурност рече градоначалникот на Липково Хусмедин Халили кој од полицијата во почетокот на нејзиното оперирање очекува поголема флексибилност. Тој вели:

„Не треба да се стартува веднаш со активности што се во другите области, туку постепено враќање, контрола на сомнителни лица и сомнителни движења итн. Мислам дека постои подготвеност и ние сме на располагање да им помогнеме.“

Халили рече дека полицијата ќе има поддршка од месното население во спречување на активностите на одделни како што рече лоши луѓе кои крадат. Инаку бројот на полицијата во одделен реон ќе биде диктиран во зависност од конкретната ситуација. Покрај сините униформи полицијата ќе носи и маскирни униформи. Во однос на опремувањето полициајта ќе има панцири, а покрај лесното лично вооружување тие ке може да носат и формациско вооружување.
XS
SM
MD
LG