Достапни линкови

Нов предлог на САД


Соединетите Американски Држави, под притисок на повеќе држави, му претставија нов предлог на Советот за безбедност на Обединетите нации за решавање на кризата по најавата на Вашингтон дека ќе ги блокира мировните мисии доколку не бидат исполнети неговите барања во врска со Меѓународниот кривичен суд. Според предлог – резолуцијата, припадниците на мировните мисии, под одредени околности, треба да се изземат од надлежноста на Меѓународниот кривичен суд на период од една година. Тоа значи дека би се исклучила можноста од истрага и гонење на сегашните или бившите мировници кои не ја ратификувале Римската спогодба, меѓу кои и Соединетите Држави. Римската спогодба од 1998 година за основање на Меѓународниот кривичен суд ја ратификуваа 76 држави. Вашингтон се откажа од претходното барање, што го отфрлија повеќето членки на Советот за безбедност, имунитетот на припадниците на мировните сили автоматски да се обновува на секои 12 месеци. По завршувањето на речиси шест часовната јавната расправа во Советот за безбедност, на затворената седница беше доставен новиот американски предлог. Британскиот амбасадор Џереми Гринсток изјави дека предлог резолуцијата е добра основа за дискусија и оти земјите членки на Советот ќе ја упатат на разледување во своите влади. Францускиот амбасадор Жан Давид Левит со слична оценка, но не ја подржал резолуцијата. Претставниците на 35 држави, кои учествуваа во јавната расправа, им изразија подршка на Меѓународниот кривичен суд и на мировните операции на Обединетите Нации, но покрај критиките, искажаа разбирање и за загриженоста на Вашингтон. Соединетите Држави предложија и за секој чекор на Меѓународниот кривичен суд да се изјаснува Советот за безбедност на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG