Достапни линкови

Најави за компромис до крајот на неделава


Поради одбивањето ан ДПА да назначи свои членови за составот на ДИК загрозена е законската процедура, но иствремнео пасошите и собранискиот деловник продолжуваат да бидата во фокусот на дневно-политичките пазарења .Во нив интензивно се вклучени и меѓунардните олеснувачи кои неофицијално најавуваат дека до крајов на неделава би можело да дојде до компромисно решение. Таквиот оптимизам го делат и во ДПА.

„Очекуваме деновиве да се изјаснат релевантните учесници во рамковниот договор околу законот за патните исправи, па потоа да разговараме за техники детали за изборите,“

рече Замир Дика повторувајќи го ставот на неговата пртија дека составот на ДИК е техничко прашање:

„Тоа е многупонебитно од законот за патни исправи и деловникот на собранието што се важен дел од рамковниот договор.“

Во меѓувреме законскиот рок во кој партијата на Џафери треба да кандидира свои членови за највисокиот изборен орган истекува .

„Ако до истекот на денешниот ден ДПА не даде предлог за членови на ДИК надлежноста ја има комисијата за избор и именувања која веќе утре би требало да даде предлог,“ - рече секретарот на собранието Каролина Чукалиева.

Иако процедурата предвидува комисијата за избор и именувања да назначи членови на ДИК и во име на ДПА неизвесно е дали овој потег ќе биде повлечен.

„Ќе биде несериозно и тенденциозно да се испуштаат битни прашања од рамковниот договор и мислам дека политичките партии ќе имаат одговорност за тоа. Ако тоа се случи, тогаш може да дојде и до бојкот на изборите,“ –ги коменитраше ваквите најави коордианторот на ДПА.
XS
SM
MD
LG