Достапни линкови

Политичкиот систем во Македонија е нестабилен


Повеќе од случувањата на предизборната партиска политичка сцена во Македонија покажуваат дека кај нас политичкиот и воопшто социјалниот систем е наестабилен оценува политикологот Проф. Др. Димитар Мирчев.
Во голем дел за таквата нестабилност на политичкиот систем придонесува и изборниот систем - не само од аспект на политичките партии туку и од аспект на државата, институциите и законодавството.

„До сега немало ниту едни избори, локални, претседателски или парламентарни, а системот да не се промени претходно. Тоа е израз на една нестабилност. Апсолутно е задоцнето со менувањето на изборното законодавство и тоа многу партии ќе ги стави во една дефанзивна позиција во однос на другите.“

Еден од показателите за недефинираноста на политичкиот систем е и тоа што расте бројот на политичките партии и кандидати што денес ги има околу 50. Сите тие изјавуваат дека се подготвени да учествуваат на изборите, но се разбира дека политичката борба ќе се води меѓу големите партии предвидува професорот Мирчев. Тој проценува дека за идното формирање на владата одлучувачки ќе бидат партиите од албнскиот блок.

„Албанскиот политички блок предвидувам дека има повеќе шанси да се стабилизира и да биде единствен пред и по изборите, така што може да се случи и тој блок да има најмногу пратеници како поединечен блок во собранието.“

Оценка е дека и покрај политичките конфронтации кај партиите од албнскиот блок нема да има разлики за стратегиските прашања што ќе овозможи нивно консолидирање по изборите. Што се однесува на политичкото единство на партиите од македонскиот блок според Мирчев тоа поради разликите меѓу политичките субјекти е невозможно, но и непотребно.

„Се виде дека разликите се премногу големи, за да може да се создаде едиснтвен блок. Мое мислење е дека таквите етнички блокови немаат придонес кон македонската демократија,“ - заклучува Мирчев.
XS
SM
MD
LG