Достапни линкови

Владиката Јован ја отцепува велешката епархија


Единствениот владика што не ја потпиша одлуката на Синодот на МПЦ со која се прогласува за неважечки договорот меѓу МПЦ и СПЦ што беше парафиран во Ниш Митрополитот Велешко-Повардарски Јован денеска објави дека неговата епархија ја отцепи од МПЦ, а ќе стапи во канонско единство со СПЦ. Владиката Јован одлуката ја донел прифаќајќи го обраќањето на српскиот Патријарх Павле со кое се повикуваат архиереите, свештенството и верниците во Македонија да воспостават литургиско општење и канонско единство, не само со СПЦ, туку и со сите помесни православни цркви.

„Ја прифаќаме понудата на целата православна икумена да влеземе во општење со неа, а за сметка на тоа да го прекинеме општењето со Митрополитот Кирил. И изборот е ваков: или ќе општиме со Митрополитот Кирил и со ниедна друга православна црква, или ќе одбереме општење со сите други православни цркви, а ќе го прекинеме единството со Кирил. Митрополитот Кирил пред да стане монах лежеше во затвор за соучество во убиство,“ – изјави Владиката Јован.

Сево ова откако Митрополитот Кирил беше најжестокиот противник на нишката спогодба.

„Создадени сме од Бога да опстојуваме и како посебен народ македонски, и како посебна самостојна црква и како суверена македонска држава. И ќе опстојуваме,“ – рече Владиката Кирил пред состанокот на Синодот на МПЦ на кој се разгледуваше договорот од Ниш.

Портпаролот на МПЦ, Владиката Тимотеј за сега без коментар. Тој рече:

„Не би можел да дадам никаков коментар се додека не се изгради став на тело што е компетентно за таа проблематика.“
XS
SM
MD
LG