Достапни линкови

Украина ги истражува наводите за напад со хемиско оружје, Русија негира

Проруски сили во разурнатиот Мариупол
Проруски сили во разурнатиот Мариупол

По напад со дрон во Мариупол, луѓе се пожалиле на респираторни и невролошки заболувања. Украина истражува дали имало напад со хемиско оружје. Русија негира, а Британија се заканува дека употреба на хемиско оружје нема да помине без одговор.

Украина соопшти дека ги проверува наводите дека Русија можеби користела хемиско оружје во тешките борби во пристанишниот град Мариупол, а Велика Британија предупреди дека ќе има „одговор“ ако информациите се потврдат.
Русија ги отфрли обвинувањата, кои доаѓаат по сериозните предупредувања од западните земји за можна употреба на хемиско или нуклеарно оружје во војната во Украина.

Заменик-министерката за одбрана на Украина Хана Маљар изјави дека воените власти ги истражуваат наводите дека неодреден број луѓе во Мариупол добиле респираторни и невролошки заболувања по напад со дрон.

„Има теорија дека тоа би можело да биде фосфорна муниција“, рече таа денеска во телевизиско интервју, додавајќи:

„Официјалните информации ќе дојдат подоцна“.

Расчистување смртоносен воен отпад во Украина

Неексплодирана граната подалеку од уништениот тенк во близина на Мотижин, село западно од Киев, на 10 април.
1/14 Неексплодирана граната подалеку од уништениот тенк во близина на Мотижин, село западно од Киев, на 10 април.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Бомба од касетна муниција во Мотижин. Касетните бомби се контејнери исполнети со голем број такви бомби дизајнирани да се распрснуваат низ голема површина и да експлодираат при удар. Повеќе од 100 земји потпишаа договор со кој се забранува нивната употреба, но ниту Украина ниту Русија не се потписници.​
<h1 jsan="7.x3AX1-LfntMc-header-title-title,7.fontHeadlineLarge" jstcache="780">&nbsp;</h1>
2/14 Бомба од касетна муниција во Мотижин. Касетните бомби се контејнери исполнети со голем број такви бомби дизајнирани да се распрснуваат низ голема површина и да експлодираат при удар. Повеќе од 100 земји потпишаа договор со кој се забранува нивната употреба, но ниту Украина ниту Русија не се потписници.​

 

Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Една од неколкуте неексплодирани гранати откриени во близина на Мотижин на 10 април. Украинската државна агенција за вонредни состојби ги предупреди цивилите за &bdquo;многу&ldquo; потенцијално смртоносни експлозиви што демнат во областите неодамна ослободени од руската окупација.
3/14 Една од неколкуте неексплодирани гранати откриени во близина на Мотижин на 10 април. Украинската државна агенција за вонредни состојби ги предупреди цивилите за „многу“ потенцијално смртоносни експлозиви што демнат во областите неодамна ослободени од руската окупација.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Гранати во близина на заробен руски тенк на периферијата на Киев на 5 април. Украинските власти побараа од цивилите да не палат оган во разурнатите области и да ги предупредуваат децата &bdquo;речиси секојдневно&ldquo; да не земаат какви било непознати предмети.
4/14 Гранати во близина на заробен руски тенк на периферијата на Киев на 5 април. Украинските власти побараа од цивилите да не палат оган во разурнатите области и да ги предупредуваат децата „речиси секојдневно“ да не земаат какви било непознати предмети.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Отстранување на неексплодирана бомба ФАБ-500 по воздушен напад врз Харкив. Техниките на депонирање бомби се обвиткани во тајност поради смртоносната историја на еднократна работа меѓу дизајнерите и оние кои се задолжени за деактивирање на муницијата. Некои бомби се опремени со &bdquo;уреди против ракување&ldquo; кои се дизајнирани да се активираат кога се манипулирани.
5/14 Отстранување на неексплодирана бомба ФАБ-500 по воздушен напад врз Харкив. Техниките на депонирање бомби се обвиткани во тајност поради смртоносната историја на еднократна работа меѓу дизајнерите и оние кои се задолжени за деактивирање на муницијата. Некои бомби се опремени со „уреди против ракување“ кои се дизајнирани да се активираат кога се манипулирани.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Ненаведувана бомба, сплескана од удар, сликана во стан во северниот град Чернихив. На видеото од украинските експерти за детонација на бомби а се гледа како тие истураат вода преку носот на бомба пред внимателно да го одвртат фитилот за детонација и да го однесат.
6/14 Ненаведувана бомба, сплескана од удар, сликана во стан во северниот град Чернихив. На видеото од украинските експерти за детонација на бомби а се гледа како тие истураат вода преку носот на бомба пред внимателно да го одвртат фитилот за детонација и да го однесат.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Украински војник носи ракетна граната оставена по битката во Киев на 26 февруари.
7/14 Украински војник носи ракетна граната оставена по битката во Киев на 26 февруари.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Член на украинскиот тим за отстранување експлозивни направи (ЕОД) носи куче по име Патрон (Картриџ) во близина на Чернихив на 6 април.
8/14 Член на украинскиот тим за отстранување експлозивни направи (ЕОД) носи куче по име Патрон (Картриџ) во близина на Чернихив на 6 април.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Специјалист за експлозиви извлекува парче ракета покрај пат во северниот дел на Харкив на 24 март.
9/14 Специјалист за експлозиви извлекува парче ракета покрај пат во северниот дел на Харкив на 24 март.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Отстранување на митралез од руски тенк во близина на Мотижин на 10 април.
10/14 Отстранување на митралез од руски тенк во близина на Мотижин на 10 април.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Неексплодирана ракета &bdquo;Точка&ldquo; во близина на Краматорск на 9 март. Таквите проектили се способни да носат боева глава со силен експлозив со тежина од речиси половина тон.
11/14 Неексплодирана ракета „Точка“ во близина на Краматорск на 9 март. Таквите проектили се способни да носат боева глава со силен експлозив со тежина од речиси половина тон.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Купишта неексплодирани убојни средства, вклучително и минофрлачки гранати од 120 милиметри, и рамка од касетна бомба (десно), по сортирање од страна на тим на ЕОД во близина на Чернихив на 6 април.
12/14 Купишта неексплодирани убојни средства, вклучително и минофрлачки гранати од 120 милиметри, и рамка од касетна бомба (десно), по сортирање од страна на тим на ЕОД во близина на Чернихив на 6 април.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Една жена поминува покрај делот од опашката на ракетата Смерч во регионот Харкив на 7 април. Некои од ракетите што ги користеа руските сили се поделија на два дела додека се&nbsp; во лет, при што делот &bdquo;носач&ldquo; се одвојува од боевата глава. Но, иако повеќето делови од опашката како овој се во голема мера безопасни, може да биде невозможно да се знае дали боевата глава е сè уште прикачена и многу експерти за отстранување бомби ги третираат сите такви делови од опашката како неексплодирани убојни средства.
13/14 Една жена поминува покрај делот од опашката на ракетата Смерч во регионот Харкив на 7 април. Некои од ракетите што ги користеа руските сили се поделија на два дела додека се  во лет, при што делот „носач“ се одвојува од боевата глава. Но, иако повеќето делови од опашката како овој се во голема мера безопасни, може да биде невозможно да се знае дали боевата глава е сè уште прикачена и многу експерти за отстранување бомби ги третираат сите такви делови од опашката како неексплодирани убојни средства.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Фотограф гледа како се детонира куп муниција што беше откриена во и околу Мотижин на 10 април.
14/14 Фотограф гледа како се детонира куп муниција што беше откриена во и околу Мотижин на 10 април.
Украински специјалисти (и едно куче) ги ризикуваат своите животи за да го отстранат експлозивот од бојното поле додека руската инвазија на Украина влегува во нова фаза.
Previous slide
Next slide

Фосфорот не се смета за хемиско оружје, туку за запаливо оружје, кое предизвикува опасно горење. Технички, не е забрането војските да користат фосфор, иако таргетирањето цивили со какво било оружје е забрането според Женевската конвенција.

Неколку други украински претставници рекоа дека наводите допрва треба да бидат потврдени.

Новинската агенција Интерфакс денеска објави дека проруските сили во регионот негираат употреба на какво било хемиско оружје.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера издаде генерално предупредување дека властите „со најголема сериозност“ ги сфаќаат растечките стравувања дека Русија може да се сврти кон хемиското оружје.

Овие стравувања се зголемија откако руските сили наидоа на жесток украински отпор по инвазијата која почна на 24 февруари. Во војната досега загинаа илјадници луѓе, и цивили и војници, а милиони луѓе се раселени.

Во изминативе денови, Русија го префрли својот фокус од регионот на Киев кон источниот дел на Украина, каде што се очекува голема офанзива. Илјадници војници, тенкови тешка артилерија се движат кон регионот.

Британскиот заменик министер за одбрана Џејмс Хепи, денеска за Скај њуз изјави дека Лондон исто така се обидува да ги потврди овие наводи.

„Ако воопшти го користеле, тогаш претседателот Путин треба да знае дека сите можни опции се на маса во однос на тоа како би можел западот да одговори“, рече тој

„Има некои работи кои се неприфатливи, а употребата на хемиско оружје ќе добие одговор“, рече тој.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби вчера дека Вашингтон е запознаен со извештаите за можна употреба на хемиско оружје, но не може да ги потврди.
Борбите во Мариупол беснеат со недели, создавајќи хуманитарна криза за илјадници цивили кои сè уште се заглавени во градот.

Овој пристанишен град на Азовското Море се смета за клучна цел на Русија, бидејќи ќе овозможи копнено поврзување меѓу Крим и областите под руска контрола во источна Украина.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG