Достапни линкови

Капчан: Западен Балкан треба да биде подготвен за интензивен ангажман на САД


Чарлс Капчан, член на Советот за надворешни односи и професор на Универзитетот Џорџтаун
Чарлс Капчан, член на Советот за надворешни односи и професор на Универзитетот Џорџтаун

„САД се многу заинтересиран набљудувач во пристапните преговори и патот кон членството во ЕУ. Но, мислам дека не се играч кој може да направи голем надворешен удар“, вели Чарлс Капчан, член на Советот за надворешни односи и професор на Универзитетот Џорџтаун, во интервју за РСЕ. Кренаре Цуболи

Професор Чарлс Капчан во врска со номинацијата на Кристофер Хил, поранешен заменик на Ричард Холбрук на позицијата амбасадор на САД во Србија вели дека станува збор за личност која има огромно искуство, кредибилитет и пристап до клучните играчи во Вашингтон.

САД: Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за Западен Балкан

„Мислам дека гледате на еден од најискусните поединци со висока репутација, што е прилично добра вест за Србија“, вели Капчан, кој наведува дека Балканскиот регион е незавршена работа за атлантскиот регион, и оти наведува дека најдобриот чекор за напредок е тимската работа меѓу Соединетите Држави и Европската унија во обид да се овозможи напредок меѓу Белград и Приштина.

Балканот е на врвот на листата на регионални приоритети

РСЕ: Американската администрација неодамна номинираше нови амбасадори во три балкански земји. Џефри Ховениер во Косово, Кристофер Хил во Србија и Мајкл Марфи во Босна. Габриел Ескобар е нов на местото заменик-помошник секретар во Одделот за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот. Некои велат дека овие одлуки покажуваат дека САД имаат сериозни цели во регионот. Како го коментирате тоа? Која би можела да биде целта на САД во регионот?


Капчан: Не сум изненаден што Стејт департментот постави многу талентирани, искусни дипломати на овие три позиции од две причини. Првата е дека самиот претседател многу се грижи за Балканот. Со децении е ангажиран во регионот. Една од неговите последни посети како потпретседател беше Белград и Приштина. На Косово има улица именувана по неговиот син. Значи, ова е личност со долгорочни врски со регионот. Мислам дека овде гледаме комбинација на вклученост, повторно вклучување на Стејт департментот, неговите професионалци во кариерата и грижата на претседателот за Балканот. И мислам дека тоа ќе придонесе за нов и искрен напор да се обиде да ја префрли топката напред кон регионот, особено да се обиде да ги нормализира односите меѓу Косово и Србија и да види дали може да има некаков напредок на политичката страна во Босна и Херцеговина.

РСЕ: Дали мислите дека Западен Балкан е еден од регионите што е приоритет за администрацијата на Бајден за да може да ги заврши процесите од минатото?

Капчан: Па, ако кажете дали тоа е еден од неговите глобални приоритети, одговорот е не. Би рекол дека тој има два главни приоритета. Првиот, и ова доминира во неговото претседателствување, е да ги поправи САД дома, да добие големи инвестициски пакети преку Конгресот за да се обиде да добие помош за вработените Американци и да се осигура дека ерата на Трамп, или нешто слично, никогаш повеќе нема да се повтори. Вториот се соочува со глобалните импликации од растот на Кина. Подемот на Кина е, на некој начин, одлична геополитичка приказна на нашето време. Но, ако некој праша кои се конкретните регионални приоритети, мислам дека Балканот е на врвот на листата, делумно затоа што регионот е незавршена работа за атлантската заедница. Мислам дека крвавиот распад на Југославија создаде серија политички ефекти кои се уште не се целосно решени. Јас сум човек кој мисли дека знаеме каде ќе заврши оваа приказна. Приказната ќе заврши со целосна интеграција на регионот во атлантските институции. Сè уште не знаеме кога ќе стигнеме таму. Мислам дека администрацијата на Бајден ќе го направи тоа приоритет.

Кина и Русија како мотиватори

РСЕ: Во неговото сведочење пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот претходно овој месец, амбасадорот Ховениер рече дека, доколку биде потврдено, ќе го охрабри Косово да се вклучи конструктивно, флексибилно и итно во дијалогот со Србија со посредство на ЕУ. Можеме ли да видиме договор меѓу двете земји за време на неговиот мандат? Колку гледате флексибилност на двете страни во постигнувањето конечен договор?

Српската десница најавува меѓународен собир на Косово

Капчан: Мислам дека треба да ја признаеме заслугата онаму каде што постои. Знаете, администрацијата на Трамп постигна одреден напредок во оваа област, видовме напредок на економско поле меѓу Косово и Србија. Мислам дека она што сега ќе го видите е напор да се направи следниот чекор, а тоа е промена на политичкото поле и обид за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина. Мислам дека никој нема илузии за ова прашање. Ќе биде тешко. Политиката е тешка од двете страни. Но, мислам дека постои усогласување меѓу Европската унија и Соединетите држави што може да обезбеди надворешен притисок и стимулации потребни за да се постигне напредок. Мислам дека администрацијата на Трамп направи грешка затоа што работеше сама. Очекувам да ги видам САД и ЕУ во тимот, да се обидат да постигнат напредок помеѓу Белград и Приштина. И според мене, таквата тимска работа е најдобриот чекор.


РСЕ : На 21 октомври, Европскиот парламент ја критикуваше Европската унија дека не ги исполнила своите ветувања за Западен Балкан. Дел од пратениците ветувањата и заклучоците од самитот на Брдо кај Крањ ги нарекоа „празни зборови“, особено споменувајќи го одбивањето да се обезбеди временска рамка за процесот на проширување. Од друга страна, ЕУ и Соединетите Држави се согласија дополнително да го зајакнат заедничкиот ангажман во Западен Балкан за да му помогнат на европскиот пат на регионот. Што можеме да очекуваме од таква посветеност?

Капчан: Мислам дека критиката од ЕП не е ниту изненадувачка, ниту неоправдана. Мислам дека со сигурност може да се каже дека комбинацијата на политичката криза во Западна Европа, во Соединетите Држави, плус пандемијата, доведоа до период во кој сите бевме фокусирани навнатре и каде нашите приоритети беа дома, поправајќи ја економијата, борбата против ковид-19, со враќање на луѓето на работа и поради таа потреба, мислам дека тоа значеше помалку внимание на планот за надворешна политика. А особено во европскиот случај, видовме како што се нарекува, замор од проширувањето. Сега мислам, знаете, пандемијата сè уште не е завршена, имаме уште голема работа пред нас. Но, имам чувство дека има договор во Брисел и Вашингтон дека останала важна недовршена работа во балканскиот регион. Ова би било вистинско време да се реши ова. Исто така, вреди да се напомене дека дел од причините што ги мотивира двете страни на Атлантикот се Русија и Кина. Русија се уште се обидува да ги искористи постојните политички спорови во регионот во своја полза. Кина продира во Југоисточна Европа. Од друга страна, САД и ЕУ подеднакво сакаат, така да се каже, да го вакцинираат Западен Балкан против руското и кинеското мешање. И тоа, на многу начини, значи решавање на политички спорови и доведување на сите земји во регионот на патот кон Европската унија и членство во НАТО.

„Потребата од акција во регионот“

РСЕ: Амбасадата на САД во Босна и Херцеговина за РСЕ соопшти дека Соединетите Држави се подготвени да ги искористат сите достапни санкции против оние кои го поткопуваат Дејтонскиот мировен договор, по одлуката на Собранието на Република Српска за неуставно усвојување на закон за воспоставување агенција за лекови на ниво на ентитетот. Најавено е дека во наредниот период слично ќе се направи и со вооружените сили на БиХ, Управата за даноци, Државната агенција за истраги и заштита. Како ги коментирате потезите на Додик? Кои санкции може да се применат?

Пораки за мир и стравот од нова војна во БиХ

Капчан: Не сакам да шпекулирам какви конкретни чекори би можеле да преземат САД сами или во соработка со ЕУ, но мислам дека има фрустрација од двете страни на Атлантикот поради политичките случувања во Република Српска поради тоа што Додик игра опасна игра и стои на патот на ефективна влада во Босна и Херцеговина. Повторно, не сакам да шпекулирам, но мислам дека постои зголемено чувство за потреба од значаен чекор напред во регионот. Останува да се види дали тоа значи заострување на санкциите, ревидирање на Дејтон, создавање структури кои ставаат помал акцент врз партиите кои работат по етничка линија.


РСЕ: Како ја гледате позицијата на Русија во политичката поделба на Босна?

Капчан: Мислам дека Русија е земја која секогаш гледа да ги искористи предностите на поделбите. И добро прават што ги искористуваат поделбите. И тоа, како што реков, е една од причините зошто мислам дека ЕУ и САД би сакале да се обидат да се надоврзат на серија политички решенија кои решаваат нерешени спорови. Дали со работа со разузнавачките агенции, дали со играње на чувството на панславизам или во случајот на Србија, сеправославно единство, Русите се многу добри во искористувањето на политичките поделби во Западен Балкан. И повторно, мислам дека тоа е важна причина да се обидеме да ги надминеме преостанатите политички поделби од минатото.

РСЕ: САД силно поддржуваат почеток на пристапни преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија. Но, дали Вашингтон може да направи нешто за да го забрза процесот?

Капчан: Соединетите Американски Држави се многу заинтересиран набљудувач во пристапните преговори и патот кон членството во ЕУ. Но, мислам дека Вашингтон не е играч кој може да направи голем надворешен удар. Ниту пак мислам дека треба. Една област каде што мислам дека Соединетите Држави треба да ја усогласат својата дипломатија со ЕУ е Србија и Косово. Една од мамките за решавање на отворените прашања се изгледите за влез во ЕУ. Мислам дека САД особено треба да соработуваат со ЕУ во Косово и Србија, едноставно поради моќната привлечност за конечниот пристап во Европската унија.

„Косово и Србија во фокусот на мандатот на Хил“


РСЕ: Кои ќе бидат другите приоритети за Хростофер Хил во Србија? Само прашањето за Косово или мислите дека нешто друго ќе биде на нејзината агенда?

Напад со бомба врз пункт на полицијата и царината на преминот Јариње во Косово

Капчан: Мислам дека тоа ќе биде широка агенда. Ќе бидат важни односите со Косово, но и прашањата за ангажманот на Русија во Србија, српската економија и потребата Србија да се движи во вистинската насока, не само политички, туку и економски. Мислам дека односите меѓу Белград и Косово, до одреден степен, ќе доминираат во неговиот мандат, бидејќи прашањето што се наѕира во регионот како целина продолжува да создава тензии меѓу етничките Албанци и Србите, не само во Косово, туку и преку граничните линии во Северна Македонија. Затоа, ова е на некој начин клучно прашање што треба да се реши за да помогне во зајакнувањето на подобри односи низ регионот.


РСЕ: Хил одигра значајна улога во 1990-тите, додека односите меѓу Белград и Вашингтон беа на најниско ниво. Какво влијание ќе има неговото искуство од тој крвав период врз неговите идни односи со актуелната политичка елита во Србија, предводена од претседателот Александар Вучиќ?

Капчан: За почеток, Кристофер Хил ги познава играчите и има силни лични врски со многу влијателни личности во регионот. И тоа е секогаш добар почеток. Тој нема да мора да ги гради од нула. Второ, тој е поединец со огромно искуство и многу кредибилитет овде во Вашингтон. А тоа значи дека ќе има директен пристап, не само до секретарот Блинкен, туку и до Белата куќа и другите клучни играчи. Тој е некој што носи голема тежина во дипломатските кругови. Хил исто така има големо искуство во Стејт департментот. Тој беше надвор некое време и се здоби со репутација на многу остроумен коментатор и аналитичар. Така, навистина мислам дека гледате на еден од најискусните поединци со висока репутација, што мислам дека е прилично добра вест за Србија.

Руски тајкун приведен во Црна Гора

РСЕ: Актуелниот американски амбасадор во Црна Гора наскоро ќе го заврши мандатот. Со оглед на сегашниот пораст на интересот за балканските прашања, дали мислите дека новиот амбасадор во таа земја би можел да биде некој со подлабоко познавање на балканските прашања? Или со други зборови: дали Стејт департментот ќе го користи српскиот рецепт и во случајот со Црна Гора?

Капчан: Тешко е да се каже кого Стејт департментот би можел да испрати во Црна Гора. Но, мислам дека, како што покажува нашата дискусија, регионот е високо на листата на приоритети. Регионот добива истакнати искусни дипломати и како пратеници, но и заменик помошник секретар за регионот како некој со многу силна репутација. И затоа мислам дека сигналот што се испраќа е дека САД го гледаат регионот како приоритет. Владите во регионот треба да бидат подготвени и може да очекуваат убедлив ангажман на САД.

XS
SM
MD
LG