Достапни линкови

Дали ќе станеме емотивно рамнодушни

Луѓе со заштитни маски, Скопје, март 2020 година
Луѓе со заштитни маски, Скопје, март 2020 година

Дали физичката дистанца меѓу луѓето ќе има последици врз квалитетот на релациите и луѓето ќе се научат да си бидат доволни сами на себе? Социолозите велат дека онлајн контактот не го заменува вистинското дружење. Добра страна во оваа состојба е што вистинските пријателства ќе испливаат на површина.

Со секое избегнување на средба со пријателите атрофира нешто во човекот, вели познатиот аргентински писател Ернесто Сабато, кој постојано не потсетува колку е незаменливо дружењето. Со ова се согласува и универзитетскиот професор по социологија Ило Трајковски, кој вели дека во услови на оваа светска пандемија кога луѓето речиси на минимум ги сведоа меѓусебните физички релации, ниту една форма на онлајн контакт не може да ја замени магијата на вистиската средба меѓу луѓето, без стаклата на мобилните телефони и на виртуелниот свет на социјалните мрежи.

Да се прилагодиме

"Кога се зборува за дистанцирање од другите не се мисли дека ќе се изолираме, дека ќе ги прекинеме контактите, напротив кога физички нема контакт јакне она другото, да се направат други форми на контакти преку други каналаи. Ќе се прилагодуваме на состојбите. Но, нема замена на тоа како сме навиканти да го практикуваме друштвениот живот па психолозите во вакви ситуации ќе излегуваат со препораки како тоа да го премостиме" вели професорот Трајковски.

Фоторепортажа - Викенд полициски час во Скопје

Ве молиме да влегувате само по двајца...
1/14 Ве молиме да влегувате само по двајца...
Автобуска постојка во центарот на Скопје
2/14 Автобуска постојка во центарот на Скопје
Крстосницата пред Апелациоскиот суд во Скопје
3/14 Крстосницата пред Апелациоскиот суд во Скопје
Празен и најголемиот паркинг во градот
4/14 Празен и најголемиот паркинг во градот
Жена - парк
5/14 Жена - парк
Градскиот трговски центар
6/14 Градскиот трговски центар
Празни и рекреативните патеки покрај Вардар
7/14 Празни и рекреативните патеки покрај Вардар
Плоштадот Македонија
8/14 Плоштадот Македонија
Затворени и продавниците
9/14 Затворени и продавниците
Најпрометната пешачка улица во Скопје - Улица Македонија
10/14 Најпрометната пешачка улица во Скопје - Улица Македонија
Празен и најстрогиот центар, кај Парламентот
11/14 Празен и најстрогиот центар, кај Парламентот
Празни, една на друга наликуваат и сите споредни улици во скопските населби
12/14 Празни, една на друга наликуваат и сите споредни улици во скопските населби
Паркингот кај Националниот театар
13/14 Паркингот кај Националниот театар
Црквата Света Богородица
14/14 Црквата Света Богородица
Previous slide
Next slide

Добрата страна во оваа состојба е што вистинските пријателства ќе испливаат на површина бидејќи човекот е друштвено суштество, вели професорот додавајќи дека ниту една несреќна состојба нема да дозволи да ја дистанцира комуникацијата меѓу луѓето и оти пријателствата ќе зајакнат преку разни форми на комуникација што сега се присутни.

"Без тоа не можеме, формите на комуникација ќе се променат ќе се преиспитаат пријателства, едни пријателства ќе слабеат, други ќе јакнат во вакви моменти. Благодарение на информациската технологија, ќе комуницираме.Не мислам дека ќе опадне тој друштвен капитал, но ќе се сменат каналите на таа комуникација зашто сме општествени суштества" вели професорот Ило Трајковски.

Шведска со непроменето секојдневие среде пандемија

Швеѓаните уживаат во пролетното сонце во Стокхолм на 26 март.
1/9 Швеѓаните уживаат во пролетното сонце во Стокхолм на 26 март.
Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Мештаните пијат пиво во „Half Way Inn“, паб во центарот на Стокхолм
2/9 Мештаните пијат пиво во „Half Way Inn“, паб во центарот на Стокхолм
Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Војници на шведската кралска гарда во близина на кралската палата во Стокхолм
3/9 Војници на шведската кралска гарда во близина на кралската палата во Стокхолм
Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Луѓето купуваат во Стокхолм на 24 март.

4/9 Луѓето купуваат во Стокхолм на 24 март.

Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Жена под цреша во Стокхолм

5/9 Жена под цреша во Стокхолм

Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Знак пред бар во Стокхолм на 27 март

6/9 Знак пред бар во Стокхолм на 27 март

Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Бар во Стокхолм

7/9 Бар во Стокхолм

Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Стокхолм
8/9 Стокхолм
Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Полска болница во Гетеборг формирана за да обезбеди дополнителни легла за пациенти со коронавирус
9/9 Полска болница во Гетеборг формирана за да обезбеди дополнителни легла за пациенти со коронавирус
Шведска со контроверзен пристап во борбата против пандемијата на коронавирус
Previous slide
Next slide

Професорот посочува дека тоа што луѓето го избегнуваат физичкиот контакт има добра страна и во интелектуална смисла, додавајќи дека овој период може да се искористи за самонадоградба и дообразба.

"Интелигентните луѓе се опробуваат кога се сами. Ако сме сами не значи дека сме осамени. И кога не сме во физички контакт не сме изолирани, живееме во згради однесувањето на другите луѓе не погодува. Не може сами да живееме без другите. Им требаме и ние како инструмент да дојдат до намирници но и како суштества со кои ќе разговараме и комуницираме , она што не разликува од другите суштества е комуникативното дејствување и потребата да бидеме поврзани со другите"вели професорот Трајковски.

Што е поинакво?

Во Скопје каде има најмногу заболени од новиот вирус еден месец друштвениот живот е сведен на минимум, а идентично е насекаде. Луѓето се трудат да ги избегнуваат физичките контакти со другите. Нема гушкања и поздравувања со рака со луѓето кои ги сретнуваат на улица. Се оди во продавница за храна и во аптеките по лекови.Всушност луѓето не одат никаде можеби само на прошетка на отворено.

Растојанието од 2 метри меѓу луѓето може да го видиме во продавниците, банките на шалтерите кои се меѓу ретките кои работат.

Но, и покрај шокот кој го претрпуваме како друштвени суштества полека се навикнуваме на ново настанатата сотојба.

Од пред месец поразлично е тоа што не работат и театрите, кината нема изложби, затворени се училиштата и факултетите.

Паниката и стравот за опстанок надоплнтет со секојдневни инфорамции и за економските последици од новонастаната сотојба полека навлегува во стилот на живеење на граѓаните.

• 16x9 Image

Мирјана Спасовска

Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.

XS
SM
MD
LG