Зошто „неуспехот“ на руските шпиони и генерали води до „апокалиптични“ мисли во Кремљ
Рускиот претседател Владимир Путин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу присуствуваат на церемонијата во Москва во август 2021 година.
Рускиот истражувачки новинар Андреј Солдатов говори за играта на обвинувања што се одвива во Кремљ и зошто неуспесите на руската војска во Украина ја прават елитата „агресивно воена“. Рид Стендиш
Како што расте руската фрустрација поради застојот на нејзината војна во Украина се чини дека Кремљ можеби почнал да бара непријатели внатре.
Андреј Солдатов, руски истражувачки новинар кој со децении известува за мрачните безбедносни служби во земјата, во април објави дека генерал-полковник Сергеј Беседа, началник на надворешно разузнавачката гранка на Федералната служба за безбедност (ФСБ), бил приведен и подоцна испратен во московскиот затвор Лефортово.
Ова се смета за знак на продлабочување на јазот меѓу руската војска и ФСБ поради наводните разузнавачки неуспеси на руската инвазија врз Украина и за растечката параноја во Москва.
Руски војници патролираат во округот Левобережни во Мариупол, Украина на 13 април 2022 година.
Со продолжувањето на бруталната војна во Украина, руските разузнавачки служби и воените планери сè уште се мачат како да одговорат на посилниот од предвидениот украински отпор и на сѐ поголемата западна поддршка за Киев.
Како што војната влегува во својата 11-та недела, прашањата продолжуваат да се вртат околу тоа како Кремљ го погрешил своето предвоено планирање и дали можеби ќе мобилизира нови војници за Украина.
За подобро разбирање како работите би можеле да напредуваат, РСЕ разговараше со Солдатов, кој исто така е соработник во Центарот за анализа на европската политика (ЦЕПА) во Вашингтон.
РСЕ: Известивте дека генерал полковник Сергеј Беседа бил приведен и испратен во затвор. Какво е вашето чувство за тоа што стои зад овој потег и што ни кажува тој за моменталната состојба на руските разузнавачки служби и руската елита?
Андреј Солдатов: [Таа приказна] станува поинтересна и покомплицирана. Веќе гледаме многу конфузија, но и некои обиди на ФСБ да го минимизира конфликтот меѓу безбедносните служби и војската. Во минатата недела имаше извештаи за Беседа дека бил присутен на погребот на многу истакнатиот поранешен офицер на КГБ, [Николај] Леонов, кој бил еден од советниците на Фидел Кастро во Куба пред неколку години и затоа беше некаква легенда во КГБ.
Низ фотографии: какво оружје и опрема САД ѝ испраќаат на Украина
1/11Единаесет хеликоптери Ми-17
Овие хеликоптери од советски дизајн се користат најмногу за транспорт и можат да пренесат до 24 војници или четири тони товар, но некои варијанти се опремени со митралези и/или наведувани проектили.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
2/11Петстотини проектили Javelin и „илјадници други противоклопни системи“
Ракетите Javelin произведени во САД, веќе имаат широко распространета употреба против руските оклопни сили во конфликтот во Украина. Оружјето овозможува напади „пукај и заборави“ на оддалеченост до 2,6 километри. Во овие напади, ракетата сама се води до избраната цел, што значи дека борците можат да лансираат, а потоа веднаш да бараат засолниште. Еден фрлач и проектил чинат 178.000 долари според буџетот на Пентагон за 2021 година.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
3/11Десет контраартилериски радари AN/TPQ-36
Овој „радар за лоцирање оружје“ се користи за забележување артилерија што доаѓа и ја следи траекторијата на граната за да се пресмета од каде е истрелан непријателскиот проектил.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
4/11Двесте оклопни транспортери М113
Овие возила забележаа широко распространета борбена употреба во Виетнамската војна, но сега се користат од страна на Соединетите држави главно како возила за поддршка, како што се амбулантни возила на бојното поле. М113 може да превезе до 15 патници и има лесен алуминиумски оклоп, кој штити само од мало оружје и фрагменти од шрапнели.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
5/11Неодредено количество експлозив Ц-4 и „опрема за уривање и за расчистување пречки“
Овој пластичен експлозив може да се обликува како Play-Doh и има експлозивна моќ да сече низ челик, како што се железнички пруги. Украински борци се снимени како користат експлозиви за да уништат железнички мост во близина на руската граница.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
6/11Триста Switchblade тактички беспилотни воздушни системи
Овие „самоубиствени беспилотни летала“ тежат само 2,5 килограми и можат брзо да се катапултираат од цевка слична на минофрлач. Switchblades користат видео довод во живо за да лоцираат цели и се опремени со боева глава со големина на граната, способна да убива непријателски борци и да оштети неоклопни возила. Системот е многу побрз и поевтин од повикувањето воздушна поддршка, при што секој дрон чини околу 6.000 долари. Поголема верзија на Switchblade е дизајнирана да уништува оклопни возила.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
7/11Неодреден број противпешадиски мини М18А1 Клејмор
Овие насочени мини се полни со 700 челични топчиња со големина на грашок, поддржани со ѕид од експлозив. Кога се детонираат, челичните пелети прскаат нанадвор побрзо од повеќето куршуми од пушка.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
9/11Сто оклопни високомобилни повеќенаменски возила на тркала
Humvee стана синоним за американската војска. Возилата со ниска приколка се способни да бидат опремени со оружје, вклучувајќи тешки митралези или противтенковски проектили.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
10/11Осумнаесет хаубици од 155 милиметри и 40.000 артилериски куршуми
Не е јасно кои хаубици од 155 милиметри од американскиот арсенал ќе ѝ бидат испорачани на Украина. Моделот M198 што се гледа на оваа слика првпат стапи во служба во војската на САД во 1970-тите, но страдаше од неколку недостатоци во дизајнот и сега во голема мера е заменет со понова верзија. Хаубицата М198 има дострел од повеќе од 20 километри.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
11/11Неодреден број на хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни заштитни одела
Таквата опрема би била од витално значење како последица на напад со нуклеарно или хемиско оружје.
Пентагон, исто така, вети дека ќе ѝ достави на Украина медицинска опрема, панцири и шлемови, оптички уреди, ласерски уреди и неодредени модели на „беспилотни бродови за крајбрежна одбрана“.
Ова е оружјето и опремата ветени на Украина како дел од пакетот за воена помош од 800 милиони долари што Белата куќа го објави на 13 април.
Previous slide
Next slide
Ова ни кажува дека ако ФСБ го направил овој голем напор да го претстави Беседа на овој погреб за да се обиде да ги разбие шпекулациите за овој раскол, тогаш тие всушност имаат голем проблем. Овој проблем е дефинитивно таму и во моментов војската ја обвинува ФСБ за многу работи. Не само за одлуката да се оди во војна и како тие го направија тоа, туку и за тоа како се води војната и за сите грешки што се прават.
РСЕ: Разузнавањето во оваа војна - и пред неа - одигра прилично јавна и истакната улога, и во однос на она што се чини дека е неуспех од руската страна и за она што изгледа како некои добро информирани разузнавачи за руската инвазија од Запад. Како ова ги обликува работите и какво е размислувањето во Москва зошто оваа војна тргна наопаку?
Солдатов: За очекување е војската да ги обвини луѓето како Сергеј Шојгу, министерот за одбрана, за сите неуспеси што ги доживеа руската армија, особено во првите два месеца од војната, но не гледам дека Шојгу е критикуван од армијата или од безбедносните служби, што е многу изненадувачки за мене.
Андреј Солдатов
Тој е сè уште многу популарен и широко почитуван и покрај фактот што нема воена обука, и покрај сите овие големи неуспеси од февруари во Украина. Проблемот овде е што војската станува сѐ поапокалиптична во тоа како ја гледа оваа војна. Почна мислејќи дека тоа ќе биде многу кратка кампања и го обвини ФСБ за дезинформирање на претседателот Путин дека нема да се соочат со поголем отпор, но сега ја прифаќаат оваа нова реалност. И оваа нова реалност за нив, како што тие ја гледаат, е дека Русија сè уште има мирновременска армија додека се соочува со целосно мобилизирана украинска армија која сега Западот ја снабдува со најдоброто оружје на планетата.
Сега гледаме врвни руски шпиони како [секретарот на Советот за безбедност Николај] Патрушев, [шефот на СВР, руската надворешна разузнавачка служба, Сергеј] Наришкин и други кои всушност го поддржуваат овој нов наратив дека не се работи само за борба со Украина, туку дека тоа е голема војна меѓу Русија и НАТО. Тоа е поапокалиптичен и поглобален поглед на конфликтот.
РСЕ: Какво е вашата мислење, зошто се усвојува овој став? Дали е ова за да се оправда притисокот за мобилизација низ Русија, како што некои теоретизираа дека може да дојде, или гледате нешто друго што го поттикнува тоа?
Солдатов: Мислам дека не е само мобилизацијата, туку е и чувството [од војската и разузнавачките служби] дека избрале борба со НАТО, но на погрешно место, бидејќи имаат големи жртви, но не се во позиција да му нанесат каква било штета за возврат на НАТО. Ова е извор на голема фрустрација за војската. Тие се борат во Украина и трпат многу големи загуби и опрема, но не се во позиција да возвратат како што веруваат дека треба.
Ова е исто така добро објаснување зошто тие страдаат од сите овие проблеми. Тие не можат да се обвинуваат себеси. Психолошки, многу е непријатно да се каже дека направиле нешто погрешно, дека планирањето било лошо или дека логистиката не била доволна. Многу полесно е да се каже дека проблемот е оној во кој што секогаш се сомневаа, а тоа е дека Западот е предавнички и нè напаѓа на прикриен начин. Тие веруваат дека започнале мал конфликт во Украина и сега се несразмерно напаѓани од Запад и затоа се соочуваат со овие проблеми.
РСЕ: Па, до каде гледате дека води ова „апокалиптично“ размислување, како што вие го опишувате?
Солдатов: Најголемиот проблем е околу целите. Како пример, неодамна проверив на некои анкети спроведени од каналите на Телеграм кои се навистина блиски до руската војска и тие беа прилично зачудувачки за мене.
Тие поставуваа прашања за тоа која би била прифатлива цел за да се прогласи победа во оваа војна и вие имате околу 25 насто кои рекоа дека тоа е целосна капитулација на Украина, а повеќе од 30 насто дека би сакале да ги видат руските трупи на границата со Полска.
Но, најневеројатната бројка е тоа што само 6 насто рекле дека би биле задоволни само со заземање на Донбас. Тоа е многу загрижувачко. Тоа значи дека целите изречени од Путин на почетокот на војната не се нужно истите оние кои војската ги смета за соодветни и прифатливи.
Рускиот претседател Владимир Путин претседава со состанокот со членовите на Советот за безбедност во Москва на 21 февруари 2022 година.
РСЕ: Имате извори во руските разузнавачки служби. Зошто мислите дека сè уште разговараат со вас?
Солдатов: Тоа беше голема грижа за мене, очигледно. По почетокот на војната, мислев дека може да изгубиме некои извори, бидејќи мојата антивоена позиција беше многу јасна и, по околу три недели, точно тоа се случи. Но, потоа изворите се вратија, се чини од различни причини.
Не е дека тие зборуваат затоа што мислат дека војната е погрешна. Не е тоа. Се работи за нивното чувство на фрустрација и потребата да обвинат некого за сите овие проблеми. Ја имате војската што ја обвинува ФСБ, а ФСБ обвинува одредени оддели во рамките на ФСБ за проблемите со кои се соочуваат. Значи, тоа е во основа игра на обвинувања.
РСЕ: Дали е само барање жртвено јагне или, исто така, добивате чувство дека постои вистински порив да се разберат грешките и да се учи од нив?
Солдатов: Проблемот овде е што нема традиција во руската војска или руските безбедносни служби да ги признаваат и да учат од грешките што ги направиле.
Тоа е дел од причината зошто Путин секогаш бил толку популарен меѓу безбедносните служби. Неговиот пристап низ сите овие години беше дека ако нешто се случи, а вие мислите да ги обвините ФСБ или војската, најдобрата опција е всушност наместо тоа да им дадете повеќе поддршка и ресурси затоа што треба да бидат заштитени и одбранети од критики.
Офанзивата на Русија во источна Украина низ фотографии
1/12Чад се издига над западниот град Лвив откако руски проектили го погодија градот доцна на 3 мај.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
2/12Пожарникари се борат со пожарот на трафостаницата во Лвив, погодена од руски ракети на 3 мај. Украинските власти соопштија дека руската војска, исто така, погодила шест железнички станици во централниот и западниот регион, нанесувајќи голема штета.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
3/12Украински војници одмараат во близина на градот Изум, југоисточно од Харкив. Руските и украинските сили се борат во областа со недели додека руската војска ги интензивира напорите за контрола на источна Украина.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
4/12Дете носи украинско знаме за време на митингот „Спасете ја војската во Мариупол“ во Киев на 3 мај. Митингот беше организиран за поддршка на заробениот баталјон Азов, кој се засолни со цивили во бункерите под челичарницата Азовстал. Руските трупи го продолжија нападот врз централата по пауза што овозможи евакуација на некои цивили.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
5/12Чад се крева од челичарницата Азовстал во Мариупол на 3 мај. Меѓународниот комитет на Црвениот крст потврди дека неколку десетици цивили ја напуштиле централата.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
6/12Една жена го прегрнува своето семејство откако безбедно пристигна во прифатниот центар за раселени лица во Запорожје. Истражувањето на Меѓународната организација за миграција објавено на 5 април, проценува дека 7,1 милион луѓе се внатрешно раселени во Украина поради руската инвазија.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
7/12Луѓето кои избегаа од Мариупол имаат оброк во центарот за раселени лица во Запорожје
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
8/12Детски скејтборд покрај траги од крв на тротоарот во Централниот парк Максим Горки по гранатирањето во центарот на Харкив на 3 мај. Вториот по големина град во Украина претрпе жестоки руски напади, особено врз областите со цивили.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
9/12Купола на уништен руски тенк заглавена во селото Залисија, североисточно од Киев. Поради начинот на кој руските тенкови ја складираат својата муниција, многумина експлодираат кога ќе бидат погодени од противтенковски проектили.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
10/12Маж ги превезува своите работи во тешко оштетен автомобил во Мариупол
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
11/12Ана Шевченко во урнатините на нејзиниот дом во Ирпин. Изградена од бабите и дедовците на Шевченко, куќата беше речиси уништена од бомбардирањето кон крајот на март. Во нејзиниот цветник преживеале рози, лилјани, божури и нарциси. „Тоа е нов живот. Затоа се обидов да ги спасам моите цвеќиња“, рече таа.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
12/12Уништениот хотел Украина во северниот град Чернихив. Според агенцијата за бегалци на ОН, речиси 5,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од руската инвазија на 24 февруари.
Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган.
Previous slide
Next slide
И тоа сега е проблем во време кога треба да се приспособат и да ја променат својата стратегија. Тие чекаат промени на врвот, но не знаат како да го кажат тоа.
Тие се сосема среќни со одлуката на Путин да го назначи генерал Александар Дворников [задолжен за кампањата во Украина] бидејќи барем тоа е нешто што е потребно уште од првиот ден. Но, повторно, тие сè уште не разбираат што да прават натаму.
Другиот проблем е што тие не се сосема подготвени. Факт е дека оваа војна се разликува од претходните војни на Путин [во Грузија, Сирија и источна Украина] бидејќи сега имаме канали на Телеграм. Имате многу војници, офицери и ветерани кои зборуваат - не многу отворено - но сепак изразуваат критики. Можеби се работи за многу мали нешта. На пример, неодамна имаше голема фрустрација за радио сетовите за хеликоптери. Тие прашуваа на овие канали на Телеграм зошто ги немаат. Како одговор, Министерството за одбрана соопшти дека тие не им требаат и тоа предизвика одредена горчина меѓу војниците и ветераните затоа што гледаат дека раководството не ги слуша нивните потреби. Така, го имате Телеграм како нов фактор на јавното мислење во војската.
Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.