Достапни линкови

Јустиција е слепа, ама ги има пасвордите од тестовите


Илустрација
Илустрација

До пред неколку години судството беше „Сваровски“, а сега стана „пасвордски“, коментираат граѓаните на социјалните мрежи по веста дека во запленетите компјутери на Инвока гроуп бил најден и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Веста дека во компјутерите на компанијата „Инвока груп“ се пронајдени тестовите од Академијата за судии и јавни обвинители дополнително ја подрива довербата во судството. Минатата власт бираше судии од „тефтерчето“, оваа се модернизираше па тефтерчето стана дигитално, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. До пред неколку години судството беше „Сваровски“, а сега стана „пасвордски“.

На поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски вчера му беше одреден ефективен притвор, наместо домашен. Тој е осомничен дека од информатичката фирмата „Инвока гроуп“ купил софтвер кој претходно самиот го патентирал. Во одземените компјутери на фирмата „бил и софтверот за прашањата за кандидатите за Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, објави порталот СДК.мк. Порталот потсетува дека дел од кандидатите за прием во Академијата се сомневале дека „некој ги продава шифрите со заштитените прашања за полагањето“ зашто не било возможно „да се освои толкав висок процент со 100 проценти освоени“.

„На листата на положени кандидати се најдоа и веќе слушаат предавања на Академијата деца на високи државни функционери и на врвни судски и обвинителски функционери, а други со висок просек на студиите по право, останаа непримени“, објави СДК.мк.

Некои коментираат дека оваа ситуација личи на народната „кадија те тужи, кадија те суди“.

Други забележуваат дека не е саде Рашковски.

На Рашковски, кој неколку дена беше во домашен притвор, вчера му беше одреден затворски притвор. Дел од медиумите објавија дека неизбришана СМС порака до еден од осомничените го испрати Рашковски во Шутка. Тој наводно му пишал на осомничениот „Слушај, изразувај се стручно, овие се глупи, ништо нема да те разберат“.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG